ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

July 10, 2025 11:59
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДЕСТАН ЈОНУЗИ

Во момент кога Европскиот парламент испраќа позитивни сигнали кон Северна Македонија, Владата предводена од Христијан Мицкоски сѐ повеќе го продлабочува застојот и го зголемува јазот меѓу реториката за „европска иднина“ и реалната политичка акција. Додека Албанија го забрзува интеграцискиот процес и ужива отворена поддршка од Бугарија и Европската унија, Македонија останува заглавена во домашни конфликти, стравови од уставни измени и неодлучност која ја чини иднината.

Извештајот за Северна Македонија усвоен од Европскиот парламент, иако не ги содржи контроверзните амандмани на некои бугарски и грчки европратеници, е сепак последно предупредување – прозорецот за делување е сѐ поистенчен. Известувачот Томас Вајц недвосмислено порача дека земјата „покажува вистинска посветеност“, но нејзиното членство е „неправедно блокирано предолго поради билатерални спорови“.

ЕУ ни подава рака – но Владата гледа во друг правец

Во исто време кога Европската комисија преку еврокомесарката Марта Кос јасно порача дека „Македонија припаѓа во Европската Унија“, Владата не само што не покажува храброст да го продолжи процесот, туку и свесно го саботира. Премиерот Мицкоски и неговата влада продолжуваат да играат на карта на националистичка реторика и одложување, а не на реформи и консензус.

Вајц, во својата изјава, ги повика сите политички партии да се вклучат во конструктивен дијалог. Но со оглед на почетниот курс на Владата – конфронтации со ЕУ, негирање на обврските и недостиг на политичка храброст – ваквиот повик останува без одговор.

Во Европскиот парламент, гласовите за поддршка на македонскиот идентитет беа јасни – од словенечкиот до словачкиот европратеник. Ирена Јовева порача: „На македонскиот народ не му треба дозвола да постои. Но на вас ви треба храброст да го признаете тоа.“ Оваа храброст очигледно недостасува токму кај македонската влада.

Евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас денеска од Охрид позитивно го оцени Извештајот на Европскиот парламент и додаде „најважно е да се истакне дека идентитетот и јазикот не се дел од преговарачките рамки. Идентитетот и јазикот најдобро тие се бранат со полноправно членство во ЕУ“.

Албанија – пример за напредок и европска зрелост

Додека Македонија тапка во место, Албанија го користи моментумот. Претседателката на албанскиот парламент Елиса Спиропали во официјална посета на Бугарија доби јасна и гласна поддршка од највисоките институции на Софија. Соработката се продлабочува, интеграцијата се забрзува, а Албанија се позиционира како стабилен и сериозен европски партнер.

Како што изјави Спиропали: „Бугарија е силен поддржувач на интеграцијата на нашата земја во Европската Унија… добрососедските односи се приоритет.“ Пораката е јасна: додека Скопје бара изговори, Тирана гради мостови. Додека Владата на Мицкоски калкулира со политички поени, Албанија освојува доверба и кредибилитет.

Историјата нема да ги запамети изговорите, туку резултатите. И додека Македонија одново и одново се врти околу сопствената оска, Албанија веќе го минува крстопатот.

Tags: БриселЕУСкопјеСофијаТирана
Next Post

Димитриевски: ЗНАМ ќе настапи со авторитетни и докажани кандидати на локалните избори

Shortcut

Најново

Пит Хегсет (фото извор: Инстаграм профил на Пит Хегсет)

Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

September 17, 2026

Каква зима го очекува Западен Балкан во ера на климатските промени?

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Фото: Министерство за финансии

СДСМ тврди дека „дупката“ во ПИОМ достигнала 1 милијарда евра, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека Фондот е стабилен

September 17, 2026
Никола Спасов

Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

September 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk