ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Реконструкција на Владата – Дали ВМРО калкулира со ДУИ зад кулисите?

Пред локалните избори политичката сцена е разнишана од меѓусебни обвинувања и спротивставени пораки, додека коалициите веќе се кристализираат за првиот изборен круг

August 29, 2025 11:51
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Политичките партии во земјава се во жестока арена на меѓусебни обвинувања пред претстојните локални избори. Додека јавно се разменуваат тешки зборови, според потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, зад кулисите се случува сосема спротивното.

– Кога го слушам премиерот, поради изборната математика секој ден вели: ДУИ во опозиција, а секој ден ни испраќаат емисари за тоа како по изборите… Затоа што тие ги гледаат анкетите. Последната анкета што ја направи ВМРО-ДПМНЕ, разликата меѓу Алијансата за национална интеграција и ВЛЕН е некаде 3 спрема 1. Тие знаат дека ситуацијата е нестабилна, а самите имаат пад од над 100 илјади гласови и знаат дека за да се создаде стабилна Влада ќе мора да се реконфигурира. Но, ние им кажавме дека нема да дозволиме Владата да стане пазар со албанското претставување, изјави Османи.

Од друга страна, првиот вицепремиер, Изет Меџити, смета дека ДУИ продолжува со „лажна кампања“.

– Тие, бидејќи немаат визија како да се води Чаир, како политичари од салони секогаш се повикуваат на Борел, Лајчак, на пораките што им доаѓаат и не ги кажуваат. Знаете дека и во минатото имало кодирани пораки што само тој ги знае. Продолжуваат со лажни анкети, без да ги објават агенциите, нагласи Меџити.

Во меѓувреме, премиерот Христијан Мицкоски продолжува со риториката дека опозицијата ги има загубено изборите.

– Што и да прават, многу брзо од сега, на 19 октомври, ќе се соочат со изборен пораз, што ќе се потврди во вториот круг. Им сугерирам да се откажат од старите времиња и да бидат конструктивна опозиција, порача премиерот.

Коалициите за првиот изборен круг веќе се дефинирани. ВЛЕН, АНИ, ВМРО ДПМНЕ, но и СДСМ ќе настапат самостојно во првиот круг. Владините коалиции ќе се поддржуваат меѓусебно во одредени општини, додека опозицијата СДСМ и ДУИ можното предизборно сојузништво ќе го разгледаат дури во вториот круг од локалните избори.

Премиерот Христијан Мицкоски по престојните локални избори, кои ќе се одржат на 19. октомври, најави реконструкција на Владата и смени во владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

– Веднаш после изборите ќе ги отвориме и вратите од партијата за нови смени и за нови луѓе, и во Владата ќе има реконструкција и подобрување на капацитетите… Тоа не значи дека луѓето кои ќе се заменат биле лоши или немарни, но на Владата секогаш и треба зголемен капацитет, уште посилно темпо за промените кои ги правиме. А, ние се наоѓаме на патот на промените, на патот на градење на промени и за прв пат после долго време, на градење на заеднички успеси кои ќе донесат подобра иднина и шанса каква генерации и генерации млади чекаа, изјави тој.

Дестан Јонузи

Tags: Владина реконструкцијаВЛЕНВМРО-ДПМНЕДУИЛокални избори 2025СДСМ
Next Post

Нов пакет воена помош за Украина: САД одобри продажба на оружје од 825 милиони долари

Shortcut

Најново

Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

November 28, 2026

Човечки мозочни клетки одгледани во лабораторија: Нова надеж за истражување на мозокот

November 28, 2026
Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk