ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Возачот на трамвајот пуштен на слобода, Сараево бара одговорност за трагедијата, премиерот на кантонот поднесе оставка

February 15, 2026 16:05
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Кантоналниот суд во Сараево одби да одреди едномесечен притвор за возачот на трамвајот Аднан Касаповиќ, кој управувал со возилото во моментот на тешката несреќа во која загина едно лице, а повеќе беа повредени. Касаповиќ е пуштен на слобода, а пред судот бил пречекан со аплауз од бројни колеги, објави Klix.ba.

Обвинителството претходно побара притвор, наведувајќи дека досегашниот тек на истрагата укажува дека несреќата најверојатно се случила поради „човечки фактор“. Според прелиминарните наоди на вештаците, трамвајот и електричниот систем биле технички исправни.

Од друга страна, одбраната на Касаповиќ тврди дека тој не е виновен и дека се обидел да ја спречи несреќата, посочувајќи дека причината била дефект на стар трамвај и откажување на сопирачките. Истото го тврдат и негови колеги од градското сообраќајно претпријатие ГРАС.

Снимено излетувањето на Трамвајот во Сараево каде загина едно лице, а има и повредени

Погребан загинатиот студент, повредена ученичка се бори за живот

Во несреќата загина 23-годишниот студент Ердоан Моранкиќ, кој беше погребан во родното Брчко во присуство на стотици граѓани, колеги и пријатели. Тој бил студент на втора година на Академијата за ликовни уметности во Сараево.

Седумнаесетгодишната ученичка Ела Јовановиќ, која исто така се наоѓала на трамвајската станица во моментот на несреќата, и понатаму се бори за живот откако ѝ била ампутирана ногата.

„Пациентката е и понатаму во единицата за хируршка интензивна нега. Континуираниот мониторинг и терапија од мултидисциплинарен тим продолжуваат“, изјави директорот на Општата болница во Сараево, Исмет Гавранкапетановиќ.

Масовни протести и оставка на премиерот на Сараевскиот кантон

Трагедијата предизвика масовни протести во Сараево, каде стотици граѓани излегоа на улиците барајќи одговорност за несреќата. Демонстрантите блокираа сообраќајници и маршираа низ центарот на градот, носејќи транспаренти со пораки „Болта бара одговорност“, „Правда се оставки“ и „Систем на смрт“.

По зголемениот притисок од јавноста, премиерот на Сараевскиот кантон, Нихад Ук, поднесе оставка.

„Младите луѓе го кренаа својот глас. Пораката на младите луѓе ми е поважна од мојата функција. Кога бирам меѓу нивниот глас и мојата функција, изборот е јасен“, изјави Ук.

Тој додаде дека верува оти општеството ќе биде подобро ако институциите внимателно ги слушаат барањата на граѓаните, особено на младите.

Политички тензии и барања за одговорност

Протестите продолжија и наредниот ден, иако со помал број учесници. Дел од демонстрантите побараа оставки од целата кантонална влада и институциите што се одговорни за јавниот превоз и безбедноста.

Неофицијалната група „Реци доста“, која првично повика на протестите, се огради од дел од политичките барања што се појавија за време на демонстрациите.

Во меѓувреме, опозициските партии најавија дека ќе бараат политичка одговорност, додека обвинителството продолжува со истрагата за утврдување на причините за несреќата.

Ј. Ѓ.

Tags: ВозачнесреќаослободеноставкапремиерпротестиСараевотрамвај
Next Post
Фото:  X

Сè почести напади со дронови врз Москва, Кијив порачува дека тоа е одговор на инвазијата врз Украина

Shortcut

Најново

Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk