ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Дезинформација е дека Македонците се избришани од графата за национална припадност за упис на факултет

May 19, 2023 14:33
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Фото: Исечок од рецензираниот Фејсбук пост

Фото: Исечок од рецензираниот Фејсбук пост

Share on FacebookShare on Twitter

За националните малцинства постојат одредени квоти на факултетите во земјава, со цел да се обезбедат еднакви можности за образование на националните заедници, кои се малцинство. Во конкурсите кои ги распишува Министерството за образование и наука, еден од условите за идните бруцоши, заедно со останатата документација е доставувањето и на изјава за припадноста на националната заедница која е малцинска група, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Пост на Фејсбук тврди дека Македонците ги нема во графата за национална припадност за запишување на факултет.

Не донесоа во позиција да бидеме ДРУГО по национална припадност во сопствената држава.
Избришана држава, избришана историја, избришан идентитет…

Постот споделува фотографија од документот „Изјава за национална припадност на Медицинскиот факултет при УКИМ“, во кој се наведени графи за заокружување на националната припадност на студентите. Притоа, наведени се сите етнички заедници во С. Македонија. Македонците не се наведени, бидејќи овој документ не е наменет за нив.

Оваа манипулација не е нова. Истата ја ширеа и некои медиуми во 2019 година, но тогаш споделуваа документ од Факултетот за музичка уметност при УКИМ.

Документот не е нов и истиот постои години наназад, а е наменет за младите од националните малцинства кои сакаат да го продолжат своето академско образование.

За националните малцинства постојат одредени квоти на факултетите во земјава, со цел да се обезбедат еднакви можности за образование на националните заедници, кои се малцинство. Во конкурсите кои ги распишува Министерството за образование и наука, еден од условите за идните бруцоши, заедно со останатата документација е доставувањето и на изјава за припадноста на националната заедница која е малцинска група. Оваа изјава се зема предвид само кога во свидетелствата и дипломите од средно образование не е наведена националната припадност на кандидатот.

На оваа манипулација укажуваат и дел од коментарите под постот:

Изјава извадена од контекст! Оваа изјава ја пополнуваат учениците кои конкурираат за упис на факултет. Согласно со Законот за високо образование до 10% од вкупниот број на студенти, се запишуваат припадници на национални малцинства кои немаат факултет на нивниот мајчин јазик/ наречени Национални квоти, се наведува во една од нив.

Според тоа,  со сигурност може да се оцени дека постот кој го анализираме манипулира со содржината прикажана на фотографијата и е невистинит.

Извор Мета.мк

Tags: дезинформацииетнички заеднициманипулацијанационална припадноступисфакултети
Next Post

Српска листа: Доколку не престане насилството над Србите од 1 јуни ќе пружиме отпор со сите средства

Shortcut

Најново

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

„Кога не би бил институција, знам како се решава ова“: Мицкоски очекува судовите да постапат за заканите упатени кон него

September 14, 2026

СДСМ бара истрага од Обвинителството: Каде завршија 5,5 милиони евра од лотаријата за прославата со Дејвид Гета?

September 14, 2026

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

(ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk