ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Руска провокација на границата со Естонија, во НАТО базата во Тапа подготвени да го одвратат агресорот од исток

December 6, 2023 18:41
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Од руската страна на границата помеѓу Русија и Естонија, кај преминот Ивангород-Нарва се појави провокативен билборд на кој пишува „Руските граници не завршуваат никаде“. Ова го привлече вниманието на советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко  кој актот го оцени како провокацијата на Кремљ.

„Руските граници никаде не завршуваат! – стои на транспарент закачен на руско-естонската граница на граничниот контролен пункт Ивангород-Нарва. Режимот на Путин ги провоцира европските земји и сака границите да бидат затворени. Ова ќе му овозможи на режимот да го обвини Западот за поставувањето на „железната завеса“.

Русија постепено се трансформира во Северна Кореја, напиша Герашченко на социјалната мрежа Икс.

 

Провокативниот билборд сo експанзионистичка содржина, дело на руската пропаганда,на кој е прикажан Путин и (неговата омилена) мечка завртена кон него, само ја нагласува зголемената тензија меѓу Русија и источното крило на Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО), на кое, како најистурена земја членка (од скоро и Финска) се наоѓа Естонија.

Естонија која неколку пати низ историјата била окупирана од Русија ( царска, Советска) не престанува да биде цел на аспирациите на руските лидери.

Но, овој пат, Естонија не е сама. Таа е членка на ЕУ и НАТО, и како таква е дел од колективниот одбранбен систем на алијансата.

На само 1070 километри од естонско-руската граница, каде ос руска страна беше поставен билбордот со провокативна содржина, во оклолината на естонскиот град Тапа се наоѓа базата на НАТО.

Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Новинарот на Цивил Медиа , кој во рамките на програмата „ Seeing is Believing“ за градење на јавното разбирање за НАТО и отпорноста на Балканот, заедно со група новинари од Северна Македонија и Црна Гора престојува во Талин, Естонија,  рисуствуваше на секојдневните активности на 3000 припадници на здружените сили на Алијансата и имаше можност да се увери во нивната подготвеност да ги одвратат агресорите од исток во нивните намери да ги загрозат слободата и демократските вредности на сојузниците.

Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиаВо НАТО контингентот во базата во Тапа партиципираат војници од вооружените сили на Естонија, Обединетото Кралство, Франција и САД, кои се тука, меѓу другото, и да ги тренираат естонските војници да ги опслужуваат системите за одбрана ХИМАРС, кои се покажаа особено ефикасни против руските агресори во Украина.

Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиа

За потсетување, поради притисокот од илегални мигранти од трети земји испратени од Русија на границите со Финска и Естонија, како дел од хибридната војна на Путин, финската Влада уште во четвртокот минатата недела целосно ги затвори границите со Руската Федерација, во тест период од 14 дена, кој, според финската министерка за внатрешни работи Мари Рантанен ќе биде можно да се продолжи доколку е потребно.

Истиот чекор го разгледува и Естонија. Со затворањето на границите во Финска, илегалните мигранти почнаа да се слеваат во оваа балтичка земја, додека сообраќајот на естонско-руската граница се зголеми за една четвртина.

Драган Мишев

Извор: ЦИВИЛ Медиа

Tags: #BalticsBalkans#seeingisbelieving#WeAreNATOбезбедностЕстонијаНАТОРусијаруска пропагандаЦИВИЛ Медиа
Next Post

Остин: Барањето на Бајден што вклучува помош за Украина и Израел ќе биде од корист за САД

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk