ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бојаровски: Концептот на Пендаровски е европската иднина со членство во ЕУ

March 22, 2024 18:00
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Интервју на претседателот Пендаровски за Фронтлајн. Фото: Ангел Ангеловски

Интервју на претседателот Пендаровски за Фронтлајн. Фото: Ангел Ангеловски

„Концептот на Пендаровски е сосема извесно континуитет на главните политички текови кои како стратешки определби треба да го завршат нашиот пат до европската иднина со членство во ЕУ“, вели во изјава за „Фронтлајн“, долгогодишниот новинар и познавач на политичките збиднувања во земјата, Зоран Бојаровски, зборувајќи за политичките концепти на двата главни ривали во трката за претседател на Северна Македонија, социјалдемократот Стево Пендаровски и кандидатот на екстремната десница Гордана Силјановска Давкова.

– Очигледно е дека станува збор за два сосема различни политички концепти што им се нуди на граѓаните на претстојните претседателски избори. Концептот на Пендаровски е сосема извесно континуитет на главните политички текови кои како стратешки определби треба да го завршат нашиот пат до европската иднина со членство во ЕУ, паралелно со тоа целосно спроведување на реформите во главните сегменти на општеството кои се однесуваат на владеење на правото и борбата против корупцијата и, како трета линија, на која практично претходните две треба да ѝ обезбедат соодветен амбиент, а тоа е економскиот напредок и приближување до европските стандарди како придобивка за граѓаните, анализира Бојаровски.

На другата страна, додава тој, од она што досега може да се насети како принципи на програмата на Силјановска, бидејќи немаме јасни искази како да се надмине блокадата на патот до ЕУ што партијата што ја кандидира ја постави, имаме само најави дека треба да се преиспитаат основите на кои ќе продолжат преговорите со ЕУ.

– Тоа „преиспитување“ е многу проблематично затоа што во повеќе наврати од Брисел ни е јасно кажано дека не може да има нова преговарачка рамка, како што мислат од партијата која што стои зад Силјановска. И навистина, како би можело да се разговара за нова рамка, нови принципи за преговори, кога тие се веќе почнати и само треба да бидат продолжени со внесување на Бугарите и останатите во Уставот. Прашањето за реципроцитет, такво какво што го прикажува Силјановска, исто така само непотребно го усложнува, комплицира, па дури го доведува и во ризик дијалогот со ЕУ. Та не знам колку е паметно откако веќе тргнавме во преговори, подвлече тој.

Бојаровски сметам дека Брисел на тоа гледа како на насериозен пристап, а за нас тоа е само залудно губење време.

– Сметам дека на изборите за претседател, а потоа и за членови на парламентот, ќе бидат од исклучителна важност активностите за масовна излезност. Зошто? Затоа што тоа што го нуди како концептот ВМРО-ДПМНЕ, и нивната кандидатка за претседател, е прифатливо само за членовите на партијата и за нивните симпатизери од најтесниот круг и ако нема масовна излезност на гласање ќе се случи една шестина или петтина од гласачкото тело, да ја определи иднината на останатото мнозинство од граѓаните на земјата. Тоа не би требало да си го дозволиме, истакна нашиот соговорник.

Советниците за односи со јавност во штабот на кандидатот за претседател Стево Пендаровски, Богданка Кузеска и Наим Вренези на брифинг со главните и одговорни уредници на медиумите информираа дека Стево Пендаровски ќе води граѓанска, европска, транспарентна и позитивна кампања.

Кузеска и Вренези посочија дека штабот на Пендаровски на останатите кандидати за претседател им предложи да се одржат две големи дебати на неутрален терен, една на почетокот и втората, на крајот на кампањата.

Ваквиот формат на претставување на кандидатите, како што истакнаа тие, се прави во најразвиените демократии и на тој начин секој од кандидатите ќе добие простор да ја презентира својата програма.

Тие ги информираа новинарите и дека на 3-ти април ќе се одржи граѓанска конвенција на која ќе биде презентирана програмата на актуелниот и кандидатот за иден претседател Стево Пендаровски, за следните пет години.

Дестан Јонузи

 

Tags: ВМРО-ДПМНЕГордана Силјановска ДавковаЕУЗоран БојаровскиизбориСДСМСтево Пендаровски
Next Post

Грковска: Жените се соочуваат со специфични бариери, кои ги прават поотпорни и помотивирани во борбата за подобро општество

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk