ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Африм Гаши по втор пат ја доби довербата од пратениците, пропадна интерпелацијата на Левица

September 4, 2024 11:38
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Интерпелацијата за разрешување на Африм Гаши од функцијата претседател на Собранието на Северна Македонија пропадна – откако не доби доволно гласови на жестока собраниска дебата. За разрешување на Гаши гласаа само 21 пратеник, а против беа 72 други.

Интерпелацијата за Гаши не помина откако пратениците на владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ гласаа против иницијативата на „Левица“ која побара одговорност од Гаши за неколку инциденти што се случија за неполни два месеци.

Поддршка за интерпелацијата даде опозициската СДСМ, додека пратеникот од редовите на ова партија Фатмир Битиќи беше против, на гласањето не учествуваа пратениците на ДУИ, кои претходно се изјаснија дека нема да ја поддржат интерпелацијата иако имаа резерви за работата на Гаши.

По неприфаќањето на  интерпелацијата поднесена од Левица, претседателот на Собранието Африм Гаши преку објава на својот Фејсбук профил им се заблагодари на сите пратеници кои вечерва му дале поддршка.

Гаши во објавата посочува дека вечерва уште еднаш разумот надвладеал над предрасудите и пропагандата.

– Им се заблагодарувам на сите пратеници кои денес учествуваа на оваа интерпелација, кои дискутираа и реплицираа и кои со нивниот слободен и демократски глас и дадоа одговор на оваа интерпелација.Им се заблагодарувам од срце и на сите други кои денес ја дадоа нивната поддршка на било каков начин. Продолжуваме со истата посветеност кон задачата!, напиша Гаши на Фејсбук.

Во барањето за интерпелација беше наведено дека Гаши постапил непрофесионално, неуставно и ја нарушил секуларноста на државата бидејќи дозволил да се вршат верски обреди на седница на комисија. Во барањето се споменува и инцидентот од 11 август на скопскиот аеродром, каде што беше вмешана и претседателот на Косово, Вјоса Османи. Гаши е обвинет и за прекршување на законот за јазици, бидејќи прво положил заклетва како говорник на албански, а не на македонски.

За инцидентот на скопскиот аеродром, Гаши рече дека интервенирал само за да избегне некаков дипломатски инцидент. Инцидентот се случил откако претставници на скопскиот аеродром, според Претседателството на Косово, се обиделе да му го земат личниот телефон на претседателката Османи при проверката на аеродромот. Таа и членовите на нејзиното обезбедување потоа телефонски му се јавиле на Гаши за да го известат за инцидентот, сметајќи дека во овој случај се прекршени меѓународните практики. Гаши на 27 август изјави дека реагирал по овој повик за да избегне поголем инцидент.

Инцидентот на аеродромот во Скопје

Претседателството на Косово ги обвини властите на Северна Македонија за кршење на меѓународните практики и Виенската конвенција за дипломатски односи, велејќи дека на 1 август, припадник на обезбедувањето на аеродромот во Скопје (ТАВ) се обидел да го земе личниот телефон на претседателката Вјоса Османи.

Инцидентот се случил пред планираното патување на Османи во Словенија, а од Претседателството на Косово не соопштуваат дали целта на нејзиното патување била официјална или од приватна природа.

Косовското претседателство соопшти дека и покрај тоа што биле информирани за дипломатските правила, обезбедувањето „се обидело физички да ја турка претседателката, и во тој случај косовската полиција била принудена да реагира за да го отвори патот“.

Од оваа институција порачаа и дека настаните од 1 август не можат да се оценуваат поинаку освен „чиста провокација и тенденција за предизвикување инцидент“.

Претседателството на Косово на 2 август соопшти дека наместо извинување, македонското МВР „целосно го оправдало барањето на аеродромското обезбедување да го земе и скенира личниот телефон на претседателката на Косово, кој шефот на државата го користи и за службени комуникации за прашања од националната безбедност“.

По инцидентот, Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија соопшти дека шефот на обезбедувањето на Гаши и уште двајца членови од неговиот тим, по наредба на претседателот на Собранието, отишле во ВИП просторот на аеродромот и се соочиле со полицајци, откако тие инсистирале претседателката Османи да помине без безбедносна контрола. Одделот во ова министерство го суспендираше началникот на обезбедувањето и отвори постапка против други двајца телохранители.

Поради инцидентот на скопскиот аеродром, Министерството за надворешни работи на Косово на 2 август испрати протестна нота до Скопје, барајќи целосно објаснување за овој настан.

Два дена подоцна, на 5 август, косовскиот премиер Албин Курти ја посети Северна Македонија и разговараше со премиерот Христиијан Мицкоски за овој инцидент.

И двајцата рекоа дека инцидентот не влијаел на односите меѓу двете земји, додека Курти рече дека го чека извештајот од истрагата што ја спроведуваат македонските власти.

Партиски реакции

Премиерот Христијан Мицкоски за интерпелацијата за Гаши рече дека е „Глупаво и незрело однесување на СДСМ, ДУИ и Левица“.

– Ова е незрело, би рекол глупаво однесување на коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица и дека апсолутно нема никаков основ за интерпелација на спикерот Гаши и ние нема да ја поддржиме таквата иницијатива и имаме голем број аргументи зошто тоа не треба да го направиме, изјави Мицкоски.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче рече дека бидејќи институции излегоа и го констатираа прекршувањето на одредени правила на однесување, интерпелацијата на Гаши треба да се поддржи од пратенците.

– Мојот личен став е дека интерпалацијата за собранискиот спикер треба да се поддржи заради тоа што премногу престапи се направија и во јавноста ние бевме тие кои ја запознаа за тие работи. Не само ние, институции излегоа и го констатираа прекршувањето на одредени правила на однесување на функционерите. Меѓутоа, дозволете ова е само мој став кој јас ќе го бранам и ќе го изложам за време на денешната координација, но дозволете партијата да заземе официјален став, изјавли претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Од коалицијата ВРЕДИ потенцираа дека „Левица“ е партија со длабоко анти-НАТО убедување, се обидува заедно со пратениците на СДСМ и ДУИ да сее семе на тензија во општеството, користејќи ја и интерпелацијата против претседателот на Собранието, Африм Гаши, како сегмент во нивното сценарио“.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Африм ГашиВМРО-ДПМНЕВредиДУИинтерпелацијаЛевицаСДСМСобрание

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Касно му е на Мицкоски да признава дебакл на Владата – кој ќе одговара за хаосот што го создаде?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk