ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Роденден на Фронтлајн: Пет години на Првата линија

September 21, 2024 10:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

5

Фронтлајн почна со работа на денешен ден, пред точно пет години, на 21 септември 2019 година, познат и како Меѓународен ден на мирот. Тоа е интернет портал за кој од првиот ден стана очигледно дека е Првата линија на одбрана од дезинформациите и пропагандата.

1.825

Прволинијашите работат веќе 1.825 денови и ноќи, секогаш тука да ги објават најновите вести, да ги разобличат лагите и пропагандата, да го осудат говорот на омразата и национализмот, и да градат слободен простор за прогресивната мисла и за прецизни, длабоки и реални анализи на состојбите, настаните и процесите.

98.000

Во сите овие денови и ноќи, на Првата линија беа објавени речиси 98,000 содржини во повеќе од 20 различни рубрики од кои дел се ретко каде видени во другите македонски медиуми.

2.937

Авторките и Авторите напишаа 2.937 колумни во рубрика која не можеше да носи поинаков назив освен ФРОНТ. Секој од тие текстови предизвика реакции и даваше придонес кон позитивни промени во јавното мислење, кон носењето добри и прогресивни одлуки во земјата.

1.027

На Првата линија во моментов може да се прочитаат 1,027 анализи за сите суштински теми што се однесуваат на нашата земја, на регионот и на светот.

287

Како ретко каде, овој интернет портал има простор за сатира, толку несфатена, а толку потребна во нашето општество. Кога ќе влезете во прекрасната градба на Првата линија, ќе наидете на АХА! со досега објавени 287 сатирични текстови.

4.535

Тимот на Првата линија беше меѓу првите новинарски тимови во земјава кои објавуваат вести, изјави, интервјуа, ставови и анализи за трагичните факти за бруталната руска агресија против Украина. Во моментов, објавени се 4.535 содржини за оваа трагична и крвава војна на европско тло, на помалку од 1.000 километри од Скопје.

1.316

Со досега објавени 1.316 текстови во кои се разобличуваат дезинформациите, Фронтлајн дава постојан придонес кон борбата со ова современо зло.

3.048 

Во културата нашиот придонес е со 3.048 содржини, од кои бројни интервјуа со истакнати уметници и културни работници од различни области од земјава и од странство.

43.800

Пет години, или нешто повеќе од 43.800 часови, Фронтлајн е постојано присутен, секогаш со своите читателки и читатели. Ова е наш, заеднички простор, во кој се бориме за јавниот интерес, за фактите и вистината, за слободата на мислата, за Човекот.

Редакција Фронтлајн им благодари на илјадниците читателки и читатели кои секојдневно ја изразуваат својата доверба и поддршка. Сите заедно, ние сме Првата линија!

Секогаш ваши,

Редакција Фронтлајн

Tags: 5 години Фронтлајн
Next Post

Десетмина колекционери ќе ги претстават обредните народни носии на Ревијата во Струга

Shortcut

Најново

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk