ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

„Америка на прво место“ – понор за македонско-бугарските односи!

November 8, 2024 11:18
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Доколку новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се сврти по ветувањето на „Америка на прво место“, може да се случи изземање на американскиот интерес за Западниот Балкан и фокус на проблемите внатре во земјата, според политичките аналитичари тоа ќе значи понор за македонско-бугарските односи.

– Тоа ќе значи понор за македонско-бугарските односи, и веројатно замрзнат конфликт на долг рок, вели политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски.

– Уставните измени, се можни секогаш, доколку се има владина волја за нивно донесување. Тие не се врзани со локалните избори или друг тип на избори. Ако се алудира на тоа дека поради рејтингот се калкулираат уставните измени, дали да бидат пред или после локалните избори, тоа е неодговорна политика, бидејќи станува збор за губење на време и тоа неповратно. На фонот на изјавата од европските челници дека Црна Гора и Албанија можат да станат полноправни членки на ЕУ, ние се уште да губиме години и години во европската чекалница е целосно урушување не само на перспективите на нацијата туку и на самата државност на Републиката, вели тој.

Кандидатката за нова еврокомесарка за проширување Марта Кос од Самитот на Европската политичка заедница задно со лидерите на уште 26 земји од Европа и високи претставници на Унијата и НАТО – нагласи дека очекува Северна Македонија да го промени Уставот како што вети, за да може да продолжи на својот европски пат.

Кос потенцира дека процесот на проширување е маратон, а не спринт и тој мора да остане заснован на принципот на индивидуални заслуги, но дека треба да се работи на постепено интегрирање на земјите кандидати во клучните сектори, пред се на заедничкиот пазар.

– Сакам да видам конкретни резултати во процесот на пристапување на земјите од Западниот алкан. Да ја претвориме оваа можност во реалност за Западниот Балкан. Помирувањето и регионална соработка се клучни елементи на процесот на проширување на Западниот Балкан. Ако го потврдите мојот избор повеќе ќе се вклучам во надминувањето на билатералните проблеми и изнаоѓањето решенија. Тие не смеат да останат трајни пречки на патот кон Брисел, порача Кос.

Рама, кој ќе биде домаќин на следниот Самит на Европската политичка заедница, оцени дека победата на Трамп во САД не треба да предизвикува загриженост и дека европските лидери треба да размислуваат и да направат многу повеќе за да се обезбеди посилна Европа.

– Сметам дека се крена многу врева, можеби не на вистински начин, за неговото можно враќање. Искуството ми кажува дека кога тој беше претседател и сите велеа дека НАТО ќе стане послаб, НАТО стана посилен. Па да видиме и да не се хистеризираме пред да ја видиме реалноста. Мислам дека ова не мора да биде лошо за Европа, може да биде подобро за Европа. Неговиот избор може да биде одлична можност за Европа, заклучи Рама.

Дестан Јонузи

Tags: Благојче АтанасоскиБриселЕУНАТОСАДСкопјеСофија
Next Post

АХВ апелира: Граѓаните да пријават во АХВ ако најдат угината дива птица од водните видови

Shortcut

Најново

Алиу: Првото психолошко советувалиште за деца и адолесценти отвора нов пристап кон менталното здравје

June 6, 2026

Филипче: На што ќе се вади сега Мицкоски после пораките на Мерц и Макрон?

June 6, 2026

Случај „Мазут“: Може ли да има кривично дело ако нема утврдена штета?

June 6, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

June 6, 2026

„Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  •  „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk