ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Кошта: Иднината на Украина, Молдавија и Западниот Балкан е во ЕУ

February 4, 2025 16:28
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, РЕГИОН, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Проширувањето на ЕУ со Украина, Молдавија и шесте земји од Западниот Балкан е најдобрата геостратешка инвестиција што сите заедно можеме да ја направиме за нашиот мир, безбедност и стабилност, порача денеска претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

– Нивната иднина е во рамките на Европската Унија. Ова докажува дека Европската Унија е атрактивна и моќна. Сега имаме нов моментум за проширувањето. Да ги создадеме потребните услови, од сите страни, и да го искористиме тоа, рече Кошта во обраќањето на Годишната конференција на амбасадорите на Европската Унија, насловена „Надворешна политика на ЕУ што испорачува“, што се одржува во Брисел.

Кошта посочи дека денес се соочуваме со свет на фрагментација и поларизација и на неред и сложеност, во кој се врати политиката на моќ, во кој некои работат на слабеење на правилата на меѓународниот поредок и во кој Русија ја наруши повоената европска безбедносна архитектура со својата агресија врз Украина.

– Свет во кој видовме помалку мултилатерални обврски за справување со глобалните предизвици, како климатските промени и намалувањето на сиромаштијата, војна која се користи како геополитичка алатка за унапредување на националните интереси, хибридни напади врз нашите критични инфраструктури и демократски процеси, протекционизмот како економски начин за решавање на проблемите, економската принуда за вршење притисок врз другите и нови технологии што ја нарушуваат рамнотежата во политичките системи и меѓу народите, рече Кошта.

Според него, во вакво свет на неред, на парадокс, на нијанси и плуралност, на ризици и закани, на мултиполарност и на неизвесност, Европската унија треба да биде доверлив партнер кој обезбедува предвидливи и јасни заложби за поредок заснован на правила.

Говорејќи за војната во Украина, Кошта нагласи дека таа беше неиспровоцирана, предизвика огромно човечко страдање и ги наруши украинскиот суверенитет и територијален интегритет и правото на земјата на самоопределување.

– Јасно е дека војната во Украина не е само војна на европско тло. Тоа е војна која ги загрозува основите на целата меѓународна заедница. Наградувањето на агресорот, наградувањето на повредата на територијалниот интегритет е закана за сите. Нашиот став е јасен. Европската Унија ќе ја поддржува Украина онолку долго колку што е потребно, и за што и да е потребно, ќе ја зајакнеме позицијата на Украина под какви било околности за сеопфатен, праведен и траен мир. Мир избран од Украина и Украинците, рече Кошта.

Сепак, според него, и покрај сите геополитички предизвици, ова не е свет во кој ЕУ треба да очајува, туку свет кој и нуди можности за градење, зајакнување, ревитализација, проширување и зајакнување на билатерални и мултилатерални односи.

– Со САД имаме партнерство вкоренето во нашата заедничка историја и длабоки врски. САД се наш пријател, наш сојузник и наш партнер. Проблеми и разлики во ставовите може да се појават и меѓу пријателите. Кога ќе се случи тоа, треба да им се обратиме, да разговараме и да најдеме решенија. Европската унија и САД заедно беа столбови на поредокот заснован на правила, почитувајќи го националниот суверенитет, територијалниот интегритет, стабилноста на границите и Повелбата на ОН, истакна Кошта.

Тој додаде дека ЕУ ќе се залага за универзално почитување на меѓународното право и поредокот заснован на правила каде и да било – во Украина, на Блискиот Исток, во Африка и секако и во Данска, дотолку повеќе ако се доведе во прашање територијалниот интегритет на земја членка на Европската Унија.

– Пораката за ова што ја добив од сите 27 земји членки на масата на вчерашната средба на лидерите беше гласна и јасна. На светот му е потребен европски ангажман. Европа треба да ги зближи своите глобални партнери, порача Кошта.

Во вакви глобални услови, според Кошта, и покрај нередот и сложеноста Европската Унија мора да остане проект на мирот, а дел од него треба да биде и зајакнувањето на одбраната со цел заштита на европските демократии, граѓани и граници.

Кошта посочи дека ЕУ мора да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана, за да гарантираме траен мир во Европа и за таа цел да ги зајакне најважните партнерства, да ги зголеми трошоците и инвестициите во одбраната.

– Европската Унија е стабилен меѓународен актер, сигурен, веродостоен, предвидлив. Имаме јасно чувство за цел и јасен пат напред, пообединети и поангажирани. И покрај сиот неред и сложеност во светот и покрај песимизмот и нашата тенденција понекогаш да се сомневаме во себе, со единство можеме да успееме, заклучи Кошта.

Tags: ЕУЗападен БалканКоштаМолдавијаУкраина
Next Post

Хамас: Почнаа преговорите за втората фаза од примирјето

Shortcut

Најново

Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

November 28, 2026

Човечки мозочни клетки одгледани во лабораторија: Нова надеж за истражување на мозокот

November 28, 2026
Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk