ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Власта одбива политички дијалог, Кабранов: Премиерот ни е летнат во облаци!

April 1, 2025 10:08
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Одбивањето на власта да одржи лидерска средба на која ќе се разговара за кочанската трагедија и за сите актуелни политички настани во државата, според новинарот и познавач на политичките збиднувања во земјава, Ацо Кабрамов, е очекувано бидејќи, како што вели: „Премиерот ни е летнат во облаци со Тошковски и прават сè да ја амортизираат штета што е логично да ја понесе владата“.

– Ме чуди пред сè Филипче зошто бара лидерска! Што ќе зборат. Со кого? Со Мицкоски ли. Премиерот ни е летнат во облаци и со Тошковски прават се да ја амортизираат штетата што е логично да ја понесе владата од ужасната трагедија во дискотеката Плус. Но не им оди лесно да ја забошотат одговорноста на функсионери од нивната партија, почнувајќи од нив двајца. На Мицкоски добро му дојде да живне малку демек цинично да одговори на најавата на Филипче дека ќе барал лидерска па забавлја народ и во вакви траорни моменти, демек ја чув уште немам официјално нека ме побара ќе го примам нека ми образложи што бара. Од Мицкоски ми е очекувано да се однесува вака ко „цар“ но не ми е јасно Филипче по втор пат сам се мести да го понижува, вели Кабранов за Фронтлајн.

„Ако има нешто да ми соопшти јас сум секогаш отворен да гo слушнам“, ова е одговорот на премиерот Христијан Мицкоски на барањето на претседателот на СДСМ Венко Филипче за одржување лидерска средба на која би се разговарало за состојбите во Кочани и истрагите што се водат.

Министерот за здравство Арбен Таравари од редовите на коалицијата ВРЕДИ коментирајќи го барањето на Филипче рече дека сега не е момент за лидерска и дека тоа би било само губење време.

– Мислиме дека постојат институции кои што функционираат, мислиме дека не е моментот и не знам што би правеле на тој состанок, на таа средба. Ние сме заинтересирани да се решат проблемите кои што ги имаме како институции, неуморно работиме секојдневно, така што тоа би било само губење време, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари.

Од друга страна ДУИ постави услов за Ахмети да учествува на лидерска средба.

„Прво мора да се формира парламентарна комисија со меѓународен надзор, а потоа да се размислува за други чекори“, велат од ДУИ.

– Затоа, ги повикуваме сите пратеници кои не сакаат една од најголемите трагедии во државата да заврши со најголемата правна фарса на селективна правда и заробување на државата, денеска да ја потпишат иницијативата на „Европскиот фронт“ за формирање на оваа комисија, велат од ДУИ.

Пратеничката група на „Европскиот фронт“ поднесе формално барање до претседателот на Собранието за информација за „деталите и околностите, постапките на надлежните институции и селективниот пристап во истражувачкиот процес“ поврзан со трагедијата што се случи во Кочани, каде загинаа 59 лица и стотици други беа повредени, соопштија од пратеничката група. Исто така тие бараат и собраниска Комисија да ја набљудува работата на истражните и правосудните органи во врска со пожарот во Кочани.

„Барањето се базира на член 205, став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија и вклучува неколку клучни точки кои бараат објаснување од Владата, Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство и други институции, меѓу кои се: инспекциски проверки и превентивни мерки – мерки преземени пред трагедијата, постапки на органите за ред и итни случаи – дејствија во денот на настанот, детали за истрагата и нејзината транспарентност – како е спроведена истрагата и зошто постои селективен пристап, селективниот пристап во истрагата – објаснување на фокусирањето само на определени функционери и мерките за обезбедување независна и транспарентна истрага – преземени активности за гарантирање на правдата“.

И најголемата опозициска партија во државата СДСМ бараа и формирање Анкетна комисија, додека од ДУИ пак бараа Европската комисија да испрати правни експерти за истрагата за трагедијата во Кочани.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВЛЕНВМРО-ДПМНЕДУИлидерска средбаСДСМтрагедија во Кочани

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk