ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Зошто е важно усвојувањето на уставните измени за Северна Македонија?

April 18, 2025 13:23
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: Фронтлајн

Фотомонтажа: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

По изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев дека „вклучувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија е првото, но не и единственото барање на нејзиниот пат кон полноправно членство во ЕУ“, провладините кругови ја искористија можноста да го претстават ова како „чин“ што покажува дека уставните измени нема да променат ништо на патот на земјата кон Европската Унија.

Но, вистината е дека овие уставни измени се многу важни за натамошното продолжување на европскиот сон на Скопје кон Брисел.

Зошто?

  • Еден од главните мотиви за уставните измени е отворањето на преговорите за членство во ЕУ. Како дел од договорот со Бугарија, Северна Македонија пезема обврска дека ќе направи уставни измени за да ги вклучи Бугарите како составен дел од народите споменати во Уставот. Ова е конкретно барање од бугарска страна и предуслов за продолжување на европското патување.
  • Уставните измени имаат за цел да ја зајакнат мултиетничката кохезија во земјата. Со вклучување и на другите заедници во Преамбулата на Уставот (како Бугарите, Хрватите, Црногорците, Евреите итн.) се зајакнува чувството на еднаквост и застапеност. Ова е особено важно за етнички разновидна земја како Северна Македонија.
  • Измените се поврзани со почитувањето на Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија. И двете се важни за регионалната стабилност и за зајакнување на позицијата на земјата во меѓународните односи.
  • Уставните измени би можеле да помогнат и во: зајакнувањето на судството, независноста на институциите, борбата против корупцијата – клучни прашања за напредок кон ЕУ.
  • Устав кој ја одразува вистинската различност на населението е основа за демократска и стабилна држава. Ова придонесува за намалување на етничките тензии, промовирање на соживот и одржлив развој.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, неодамна во своето обраќање на конференцијата „Започнување на Програмата на С&Д Вили Брант за проширување на ЕУ“, која се одржа во Брисел, побара европските социјалдемократи да помогнат за проширувањето на ЕУ.

– Никаде оваа визија не е повитална како на Балканот и во Северна Македонија, која претставува раскрсница на европските аспирации и современата геополитичка ранливост. Затоа, потребна е сеопфатна социјалдемократска агенда за процесот на проширување. Процесот на проширување не е само механичко прилагодување на законите или административно исполнување на критериумите за пристапување, тој е прашање на надворешно политичко и геополитичко значење, изјави Филипче.

И Брисел порача дека нема гаранции за Северна Македонија дека ако ги вметне Бугарите во Уставот, ќе нема други пречки на патот кон ЕУ. А и сегашното патување кон ЕУ може да биде отежнато доколку стапи во сила новиот механизам за укинување на безвизниот режим за некои држави.

– Никој не може да и даде гаранции на Северна Македонија дека ако сега го смени Уставот, нема повеќе да има пречки на европскиот пат, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР).

„Впишувањето на Бугарите во Уставот на Македонија, е првото, но не и единственото барање до Македонија на нејзиниот пат до полноправно членство во ЕУ“, изјави бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, зборувајќи за пристапниот пат на земјата.

– Многу е важно да се знае дека промената на Уставот и впишувањето на Бугарите како државотворен народ не е единствен услов. Односно, не е добро да се испушта во целиот тој разговор, со евентуална цел за која се надевам дека не е така, ако впишувањето се случи и се исполни условот за уставни измени согласно европскиот консензус, некој да рече: „ете, ви кажавме дека Бугарите немааат предвид само едно нешто“, изјави Георгиев.

Георгиев вели дека освен уставните измени европски консензус има и спроведување на Договорот за добрососедство во Бугарија и протоколите кои произлегуваат до него, како и Акциски план за заштита на правата на припадниците на малцинствата.

„Сето тоа треба да биде факт, во спротивно нема да има исполнување на европскиот конзесуз, нема да има исполнување на заклучоците на Советот, а доколку тоа не е факт нема да може да се пристапи кон отворање на првиот кластер, каде што се човековите права“, изјави Георгиев.

Според Георгиев промената на Уставот само ќе го отвори патот за европската интеграциија на кој ќе треба да се осполнат и другите услови кои и ги поставила ЕУ и тој во тоа не гледа никаква билатерланост или отворено меѓудржавно прашање.

„Во Брисел има многу голема посветеност и внимание за поддршка во однос на изнаоѓање решение“, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани во врска со блокадата на евроинтеграцискиот процес на државава кој зависи од измени на Уставот односно внесување на Бугарите во него.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БриселВладаЕУСАДСкопјеСофијауставни измени

НАЈНОВО

Дојава за бомба во салата „Јане Сандански”

May 15, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Преговори Украина – Русија утре во Истанбул, Зеленски ја напушти Турција

May 15, 2025
Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали

Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери не го поддржаа законот за Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk