ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

И Германија ни даде поддршка, само ВМРО-ДПМНЕ и Левица останаа пречка на членството во ЕУ на Северна Македонија

December 14, 2022 16:33
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА

По 21 година од потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ и 17 години од добивањето на кандидатски статус, Северна Македонија ги започна преговорите за членство со ЕУ. Пред нашето полноправно членство во европското семејство повеќе немаме надворешни пречки и блокади, остана само нашата „домашна работа“.

Првите луѓе на ЕУ и при посетите на Скопје, но и од Брисел неколку пати порачаа дека посакуваат да ја видат Северна Македонија, но и целиот Западен Балкан во ЕУ, а тоа го повторуваат и лидерите на сите земји-членки.

Изминативе денови се погласна е и поддршката од страна на Германија, прво со посетата на претседателот Штајнмајер, а денес и германскиот канцелар Олаф Шолц кажа дека е во интерес на Германија и на ЕУ земјите од Западен Балкан да се приклучат на ЕУ.

Сепак, наспроти заложбата и работата на Владата да го забрза процесот на преговори и 2030 година да стане реална и достижна цел за исполнување на стратешката цел – полноправно членство во ЕУ, опозицијата во земјава останува единствената пречка на тој пат.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица продолжуваат да претставуваат закана по европската интеграција на земјава со нивното противење на уставните измени. Иако паднаа во вода сите нивни лаги и манипулации за наводното продавање на јазикот и идентитетот, поради лични и теснопартиски интереси опозициските партии го блокираат остварувањето на оваа стратешка цел на земјава.

Функционери од ВМРО-ДПМНЕ неколкупати во медиумите недвосмислено кажаа дека тие немаат ништо против вметнувањето на Бугарите во Уставот, но, сепак, партиската одлука е да не се поддржат уставните измени, барајќи гаранции од ЕУ за зачувување на македонскиот идентитет и потврда дека преговорите ќе завршат со полноправно членство.

Таквите гаранции ЕУ и земјите-членки ги даваат на земјава постојано, со секоја посета и секоја изјава, а доказ за зачувувањето на идентитетот и јазикот е и потпишувањето на Договорот со ФРОНТЕКС на македонски јазик, без никакви додавки и фусноти. Овој договор го потпишаа сите 27 земји-членки на ЕУ, вклучувајќи ги и Бугарија и Грција.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен неколкупати кажа дека идентитетот на Македонците е јасен и признаен и дека во процесот на преговори тоа воопшто не е тема на разговор.

Сепак, граѓаните се почесто забележуваат дека противењето на опозицијата за напредок на европскиот пат често е помогнато или во корист на трети страни. Се појасно станува дека во опозициската ВМРО-ДПМНЕ постои едно про-руско крило кое е подготвено да застане контра интересите на државата, поради лични и бизнис интереси. На социјалните мрежи се гледаат слики од лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски со Ленин Јовановски, кој споделува проруски пропагандни објави и ставови за руската агресија во Украина. Тој, заедно со моторџискиот клуб „Ноќни волци“ даде и поддршка на протераните руски дипломати, испраќајќи ги до македонско-српската граница.

Ленин Јовановски беше и еден од поактивните демонстранти, заедно со Христијан Мицкоски против т.н. Француски предлог со кој земјава по 17 години одложувања ги започна пристапните преговори со ЕУ.

Доколку кај ВМРО-ДПМНЕ, про-руските ставови се малку подзатскриени при јавните настапи, случајот со нивниот коалиционен партнер Левица е сосема поинаков. Тие отворено застануваат контра стратешките определби на земјава и про-Русија. Пратениците од партијата Левица се сретнаа со рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин, само неколку дена по руската воена агресија врз Украина.

Ваквите активности на македонската опозиција се само показател дека на патот на напредокот и исполнувањето на стратешките цели на земјава веќе немаме надворешни пречки, туку се испречуваат само домашни актери.

Tags: ВМРО-ДПМНЕГерманијаЕУЛевицаМицкоскиОлаф ШолцФРОНТЕКС
Next Post
Фото извор: Нова

Зарко Милошевски нов директор на Агенцијата за национална безбедност

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk