Српскиот претседател Александар Вучиќ утре и задутре ќе престојува во Италија, каде ќе се сретне со премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама во рамки на иницијативата за соработка под името Отворен Балкан, соопшти кабинетот на претседателот на Србија.
По средбата, тројцата лидери ќе го посетат Меѓународниот саем за вино VINITALY 2023 во Верона и заедно со министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Република Италија, Антонио Тајани, ќе го посетат заедничкиот штанд на кој бројни излагачи од земјите членки на иницијативата Отворен Балкан ќе ги претстави своите вина.
Премиерот Ковачевски вчера на прес конференцијата во Белград ја најави посетата на лидерите на трите држави на најголемиот светски саем за вино Винитали во функција на унапредување на економиите и зголемување на меѓународниот рејтинг на трите држави.