Во пресрет на двојните претседателски и парламентарни избори следуваат калкулациите и математичките пресметки на партиите за изборот на политичките фигури што ќе ги претставуваат.
Владејачката СДСМ и опозициската ВМРО ДПМНЕ се изјаснија дека ќе номинираат кандидати за претседател. И опозиционите партии на Албанците, Движењето БЕСА, Демократското движење и Алтернатива најави дека ќе настапат со свои претседателски кандидат.
Од друга страна од партијата ДУИ на Али Ахмети сè уште не соопштуваат како ќе настапат на претседателските избори.
„Фронтлајн“ од извори на партиите од мнозинството дознава дека ДУИ ја разгледува можноста за избор на консензуален кандидат за претседател од блокот партии собрани под капата на „Фронт за Европа“. Според партиски извори на „Фронтлајн“ за ДУИ, актуелниот претседател Стево Пендаровски е еден од можните кандидати. Но, во партијата на Али Ахмети не е се завршено во однос на претседателските избори. Од таму дознаваме дека сè уште се разгледуваат сите опции.
Од друга страна за претседателските избори свои амбиции пројави и потпретседателот на СДСМ и вицепремиер, Фатмир Битиќи.
– Имам номинација од значителен дел од ограноците во СДСМ. Сега е во тек процес за консултации и тоа треба да заврши со конгресот. Јас имам кажано дека ако се бара консензуален кандидат како што сум јас, тогаш би прифатил таква понуда, изјави тој во последното свое гостување на Алсат.
За парламентарни избори, според партиски извори во ДУИ, Али Ахмети сака да заживее „Фронтот за Европа“. Опцијата која во моментов е на маса е овој фронт да оди на избори со заеднички листи. Според проекциите, во „Фронтот за Европа“ треба да влезат СДСМ со коалиционите партнери ДУИ, Алијанса за Албанците (Зијадин Села, Кренар Лога), партијата на Аријанит Хоџа, партијата на пратеникот Скендер Реџепи – Зејд, интелектуалци, академици, невладин сектор, бизнисмени итн.
На маса е и опцијата комбинацијата на парти од албанскиот блок: ДУИ, Алијанса за Албанците (Зијадин Села, Кренар Лога), партијата на Аријани Хоџе, партијата на пратеникот Скендер Реџепи – Зејд, интелектуалци, академици, невладин сектор, бизнисмени итн.
Опцијата заеднички настап како „Фронт за Европа“, СДСМ и Ковачевски не ја исклучуваат.
– Учеството на избори е одлука која мора да ја донесат партиските органи дали ќе одиме со заеднички или со самостојни листи, кои се составуваат од традиционалните партнери на коалицијата и оваа одлука мора да ја донесат политичките партии во наредните денови. Но, едно е јасно, ако на крајот на денот имаме два блока, каде што едниот блок ќе биде за интеграција во Европската унија, а другиот за изолација на државата, изјави претседателот на СДСМ – Димитар Ковачевски.
Формирање техничка влада на сто дена пред избори беше воведена како законско решение за парламентарните избори во 2016 поради недовербата во изборниот процес, а по избирањето на скандалот со масовното прислушување и објавување на т.н. „бомби“ и влегувањето во политичка криза.
Тогаш, за првпат се формираше преодна влада која беше предводена од Емил Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ. За парламентарните избори во 2020 година, пак, на чело на техничката влада беше Оливер Спасовски, кој наместо сто дена, остана на функцијата осум месеци (од јануари до август 2020) бидејќи имаше пролонгирање на изборите поради ковид-пандемијата.
Изборите на 8 мај – ќе бидат 11 по ред од независноста на државата. Покрај парламентарни, ќе има и претседателски избори (седми по ред) – првиот круг ќе се одржи на 24 април, а вториот на 8 мај заедно со парламентарните.
Дестан Јонузи