ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Опозицијата бара неселективна правда и одговорност за трагедијата во Кочани

March 27, 2025 11:15
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Додека истражните органи ја прошируваат истрагата за трагедијата во Кочани, во која животот го загубија 59 млади, а 190 други беа повредени, опозицијата продолжува да бара одговорност од актуелната власт, изразувајќи го своето незадоволство од селективната истрага што се води за трагедијата.

Синоќа се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ на којашто се разговараше за актуелните состојби во земјата по најтешката трагедија којашто ја погоди Македонија и во која згаснаа 59 животи.

Заклучок на Централниот одбор на СДСМ е дека досегашниот тек на истрагата покажува дека се води селективно и е насочена само кон минатото, само кон поранешни функционери и службеници додека воопшто не се опфатени актуелните функционери и службеници, иако биле на функции на денот кога се случила трагедијата.

– Селективноста не е правда туку неправда и ја продлабочува недовербата на граѓаните во институциите и во правосудството. Имајќи ја предвид сериозноста на трагедијата и тешките последици со огромен број жртви и повредени, недозволиво е да води истрагата на селективен начин. СДСМ инсистира на неселективна, независна и темелна истрага во која сите ќе одговараат согласно законите. На било каква селективност, штитење на актуелни функционери, на поединци блиски до власта СДСМ ќе се спротивстави. Пред законот сите мора да бидат еднакви. Во оваа насока СДСМ ќе ги искористи сите институционални и демократски механизми, вклучително и во македонското Собрание, преку Анкетна комисија во соодветен момент, за утврдување на фактите, но и политичката одговорност за трагедијата којашто се случи во Кочани, соопштија од СДСМ.

Од друга страна опозициската ДУИ од блокот партии на Албанците, бара одговорност од лицата кои во моментов се на функција, а кои според неа се директно одговорни.

– Министерот за внатрешни работи е 13 месеци на функција, директорот за јавна безбедност 9 месеци, министерот за економија 9 месеци, директорот на Државниот пазарен инспекторат 9 месеци, Управата за јавни приходи 9 месеци. Тоа се лицата кои имаат директна, институционална и законска одговорност да вршат контрола, надзор и да спречат трагедии од ваков тип на овластувања, нагласуваат од ДУИ.

Од партијата на Али Ахмети потенцираат дека премиерот во овој случај ја игра улогата на судија и обвинител.

– Ова не е правда. Политички договор, каде што премиерот го презема водството во овој судски спектакл – емотивна манипулација, медиумски спектакл, пренасочување на вниманието на јавноста, спречување на вистинска истрага и заштита на луѓето од власта, соопштија од ДУИ.

ДУИ исто така бара ургентно формирање Парламентарна комисија за оценување на селективната правда во третманот на трагедијата во Кочани.

– Оваа комисија треба да се формира веднаш и да вклучи претставници на ОБСЕ, како и претставници од амбасадите на САД, ЕУ и земјите-членки на ЕУ во својство на набљудувачи, со цел да се обезбеди фер, независен и транспарентен истражен процес. Селективната правда го потресе секој граѓанин на оваа земја и создаде без преседан ситуација која ги загрозува темелите на правната држава и довербата на граѓаните во институциите, велат од ДУИ.

Истражните органи продолжуваат со нови проверки и обезбедување докази во врска со истрагата што ја води тим од 11 обвинители. Како што информира МВР, извршени се претреси во куќата, возилото и два угостителски објекти на сопственикот на дискотеката „Пулс“, како и во Државниот пазарен инспекторат во Кочани. При претресите биле одземени лаптопи, повеќе мобилни уреди, документација и предмети.

Јавното обвинителство информира дека истражни екипи при претреси на пет локации во Кочани и Скопје, одземале дополнителна електронска опрема и други докази, за што се издадени вештачења. Обвинителството најави дека ќе издаде и наредба Управата за финансиска полиција да преземе дејствија во врска со активностите на повеќе правни лица, осомничени и други лица. Истрагата предвидува распит на повеќе од 300 сведоци, како и други истражни дејствија и вештачења од различни области. Вкупниот број на осомничени за пожарот во Кочани досега е 34 лица. Во истрагата се опфатени 27 физички и три правни лица, а истражни постапки се водат и против седуммина полициски службеници од Штип и Кочани.

Во трагедијата во Кочани, каде што избувна пожар во дискотеката „Пулс“, загинаа 59 лица, а над 190 се повредени.

Дестан Јонузи

Tags: ДУИМВРобвинителствоСДСМтрагедија во Кочани
Next Post

За продолжениот викенд нестабилно со повремени врнежи од дожд

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk