ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Нуредини: Со спроведените правни реформи обезбедуваме подобра правна и судска заштита на животната средина

October 13, 2021 11:11
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

-Еколошката правда во себе содржи еколошка, но и економска и социјална компонента. Оваа Влада сериозно е посветена на зелената агенда и изнаоѓањето на балансот помеѓу развојот и заштитата на животната средина – рече Нуредини во воведното обраќање на еднодневната расправа која под наслов „Основа на реформата на правниот систем во Република Северна Македонија и еколошката правда“ се организираше вчера од Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ.

Поаѓајќи од фактот дека заштитата на животната средина претставува еден од основните предуслови за уживање на бројни други човекови права, настанот имаше за цел да го привлече вниманието на научната, стручната и пошироката јавност кон проблемите и предизвиците во реформата на правниот систем, а особено кон нужните чекори за обезбедување на правна и судска заштита на животната средина во Република Северна Македонија.

Во своето обраќање министерот Нуредини зборуваше за правната реформа од областа на заштитата на животната средина која Министерство за животна средина и просторно планирање интензивно ја спроведуваше во изминатиот период.

Подоследна примена на начелото „загадувачот плаќа“ како основен принцип врз кој се темелат законите во животната средина, потоа пакетот на закони со кој се регулира управувањето со отпадот, циркуларната економија како важен дел од напорите за модернизирање на економијата, дополнително унапредување на законите за квалитет на амбиентален воздух, но и процесите за заштита на природата и зголемување на површината на заштитени подрачја на ниво на државата беа основните теми за кои зборуваше Нуредини.

Настанот, како и претходните години, беше поддржан од амбасадата на Соединетите американски држави во Скопје, а во текот на настанот се обратија и академик Владо Камбовски, раководиел на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ, Кејт Бирнс амбасадорка на САД во Скопје, министерот за правда Бојан Маричиќ, амбасадорот Клеменс Која, шеф на мисијата на ОБСЕ во Северна Македонија, бројни експерти од научни установи, но и од практиката како дел од Платформата за еколошка правда.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Куќен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл што прегази маж на кеј и избега, обвинителството поднесе жалба

July 5, 2025

Жерновски: Дебакл на надворешната политика на Муцунски, ниту еден успех, само порази и понижувања

July 5, 2025

Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk