Пејачката и активистка Леана Тачи вечерва на својот фејсбук-профил упати критика поради злоупотребата на протестот за скандалот со кражбата на лекови на Клиниката за Онкологија од страна на опозицијата, која со политички пароли го искористи собирот за говор на омраза, политизација и партизација.
Срамно и профитерски е да собирате партиски поени на ваков протест. Таму денес имаше луѓе кои во немоќ искрено тажат за загубата на своите најблиски. Ама исто како и секој човек жеден за моќ, не помисливте на обичните граѓани. На нам на кои ова ни е реалниот живот, а не игра за власт, напиша таа на Фејсбук.
Меѓу главните организатори на протестот беа лица од опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица, кои со политички пароли се обидоа да го злоупотребат скандалот и гневот на народот за ситни политички поени, објави претходно Фронтлајн.
Со погрдни зборови, говор на омраза и политички пароли претставниците на Левица и ВМРО-ДПМНЕ го киднапираа протестот, што не наиде на одобрување од граѓаните. На социјалните мрежи се споделуваат се повеќе фотографии и постови со осуда за ваквата злоупотреба на скандалот и човечките судбини од страна на опозициските партии како предизборна кампања.