ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Блокирањето на уставните измени го кочи патот кон ЕУ, оди во прилог на антизападните струи поттикнати од Русија

December 13, 2023 15:12
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Блокирањето на уставните измени, а со тоа и на непречениот пат на Северна Македонија кон Европската Унија, одат во прилог на антизападните струи, кои се пред сè поттикнати од Русија, за дестабилизација на регионот и негово оттргнување од патот на евроатлантските интеграции, оценуваат политичките аналитичари, коментирајќи ја деструктивната улога на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во евроинтеграцискиот процес на земјава.

– Кочењето на ЕУ преговорите секако е чекор кој е дестабилизирачки. За тоа нема никаква дилема! Мислам дека Левица, не ги крие своите антипатии кон Западот и склоност кон Русија. ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да излезе со конкретна понуда за ЕУ интеграциите во текот на изборната кампања која претстои, и со тоа да ја реши дилемата околу својата политичка ориентација во наредниот период, изјави политичкиот аналитичар Бесим Небиу за „Фронтлајн“.

Политичкиот аналитичар Ерол Ризаов вели дека историска катастрофа е да не ги продолжиме почнатите преговори со ЕУ. Според него, одговорноста е на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините сателитски партии и партиите прелетувачи кои секогаш сакаат да бидат со власта.

– За мене воопшто не е битно чие влијание е да не се усвојат уставните измени – што значат не само почеток на преговорите туку многу поважно остварување на неопходните реформи. Ако доживееме таков дебакл, историска катастрофа е да не ги продолжиме почнатите преговори со ЕУ. Одговорноста е на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините сателитски партии и партиите прелетувачи кои секогаш сакаат да бидат со власта. Но, нивната пресметка дека се веќе на власт може да се врати како бумеранг и да им се удри од глава, вели за „Фронтлајн“ – аналитичарот Ризаов.

Трагедијата, додава тој, е во тоа што кој и да формира Влада пак нема двотретинско мнозинство.

– На македонската јавност е да оцени на кого треба да му го даде гласот за да обезбеди иднина на генерациите што доаѓаат. Треба да им се остави нешто позначајно од долговите што треба да ги плаќаат, потенцира тој.

Петрит Сарачини, истражувач и претседател на Институтот за медиуми и аналитика (ИМА) смета дека блокирањето и спречувањето на гласањето на уставните измени од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Левица, одат во прилог на антизападните струи, кои се пред сè поттикнати од Русија.

– ВМРО ДПМНЕ и Левица, со блокирањето и спротивставувањето на уставните измени, кои се услов за земјава да ги продолжи започнатите преговори со ЕУ, само им одат во прилог на антизападните струи, кои се пред сè поттикнати од Русија, за дестабилизација на регионот и негово оттргнување од патот на евроатлантските интеграции. Ваквото дејствување на опозицијата прави огромна штета за стабилноста на земјата, влијае и на нарушување на меѓуетничките односи, и ги оневозможува шансите за напредок и подобар живот за сите граѓани, без оглед на нивната припадност. Сметам дека се работи за политики на опозицијата кои се кусогледи, и чија цел се дневнополитички придобивки, на сметка на општиот интерес на целата земја и на сите нејзини граѓани, изјави Сарачини за „Фронтлајн“.

Од друга страна во заклучоците усвоени на последното заседание (12.12.2023) на Советот за општи работи на Европската Унијата се наведува дека Северна Македонија ќе го продолжи преговарачкиот процес со Европската Унија откако ќе бидат усвоени уставните амандмани, што е предвидено со Преговарачката рамка и со заклучоците на Советот на ЕУ од јули 2022 година.

– Ова е година на моментум на политика на проширување на ЕУ и драго ми е што не само што успеавме да дадеме предлози до Советот, туку донесoвме и одлуки, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, додавајќи дека сепак конечната одлука околу процесот на проширување ќе ја донесат лидерите на Унијата на Самитот во четврток и во петок.

Во делот од заклучоците за Северна Македонија се поздравува првaта меѓувладина конференција одржана во јули 2022 година и успешното завршување на скрининг процесот и се додава дека втората меѓувладина конференција ќе биде свикана без дополнителни одложувања или потреба од носење дополнителна политичка одлука, штом Северна Македонија ќе го заврши процесот на уставните измени, согласно заклучоците на Советот од јули 2022 година.

– Советот ја повикува Северна Македонија да го забрза усвојувањето на овие измени, по што Советот е подготвен да го отвори првиот преговарачки кластер што е можно поскоро, во согласност со Преговарачката рамка. Советот ги охрабрува сите партии во Собранието да се фокусираат на унапредување на реформите поврзани со ЕУ и процесот на пристапување во Европската Унија, се наведува во заклучоците.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АпасиевБесим НебиуЕрол РизаовЕУМицкоскиПетрит СарачиниРусијауставни измени

НАЈНОВО

Каранфилова – Пановска: Пораките на Кошта се јасни, одговорност на власта е да го деблокира европскиот пат

May 15, 2025

Дојава за бомба во салата „Јане Сандански”

May 15, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Преговори Украина – Русија утре во Истанбул, Зеленски ја напушти Турција

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk