ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Кој и да дојде на власт, уставните измени ќе се случат на крајот на годината?

April 30, 2024 14:17
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Доколку победи СДСМ, заедно со ДУИ побрзо ќе може да се состави новата влада, доколку успеат опозиционите партии да победат, мислам дека ќе им треба некаде до јули месец, а можеби подолго време да ја состават владата“, вели Нано Ружин – македонски политичар, дипломат, универзитетски професор и поранешен амбасадор на Македонија во НАТО, анализирајќи ги резултатите на првиот круг на претседателските и настапот на партиите на претстојните парламентарни избори.

– Jас можам само да се реферирам врз досегашните анкети исто така врз основа на резултатите коишто беа, регистрирани за време на првиот круг на претседателските избори, каде иако некои кандидати избегнуваат да се претстават како кандидати на една или друга партија, сепак јасно е дека партиите на опозицијата, овој круг извојува голема победа, така што се смета дека ВМРО-ДПМНЕ можеби ќе успех, доколку е успех доволен број на гласови да направи коалиција со ВЛЕН и со Максим Димитриевски – ЗНАМ, и уште други некои помали партии, такви се предвидувањата. Од друга страна во СДСМ се чувствува, се почувствува одредена нова свежина, меѓутоа не знам, стравувам дека тоа повеќе нема да поправи многу во изјаснувањето на избирачите, изјави Ружин за „Фронтлајн“.

Тој смета дека до крајот на годината ќе се реализира промената на Уставот.

– Моите сознанија се дека до крајот на годината ќе се реализира промената на Уставот, барем до тоа што се однесува во одрекнување на оваа можност од ВМРО-ДПМНЕ, сепак мислам дека брзо ќе се најде солуција за ова прашање. Трето, е што се очекува, би рекол балкански, меѓутоа и поширок специјалитет во младите „транзициони“ општества е да дојде до еден вид на реваншизам врз политичките противници. Исто така може да анализираме што ќе се случи доколку ДУИ победи на избори и се наметне како најголема партија на Албанците која ќе бара да влезе во владата, коишто имаат исто таква амбиција, значи тука се можни одредени тензии во оваа релација. Од друга страна ќе видиме каков ќе биде односот ВМРО-ДПМНЕ наспроти СДСМ и нивниот однос кон малите партии, нагласи тој.

Ерол Ризаов – новинар и политички аналитичар во својот последен авторски текст пишува за политичките комбинаторики и претстојните парламентарни избори. Тој вели дека иако изборите уште неодржани, почнала власта да се дели како на пазар.

– По големата победа од првиот круг на претседателските избори за победниците завршија и парламентарните избори пред да се одржат. Велат готово е. Почна на големо лицитацијата за поделба на власта како на пазар, онака од око, или како што се вели на ѓутуре. Фрчат фактури од сите страни за наплата на својот дел од „твоја Македонија“ како да е воен плен. Во еуфорија од вратената гордост на граѓаните камбаните ечат за национално единство. Се бара македонска влада составена од македонски политички партии која, се разбира, ќе упати „симболична“ покана под одредени услови во неа да има свои претставници и албанската опозиција според тоа што ќе им се понуди, пишува меѓу другото Ризаов.

Парламентарните избори заедно со вториот круг на претседателските избори ќе се одржат на 8 мај.

Дестан Јонузи

 

Tags: ВЛЕНВМРО-ДПМНЕДУИизбориСДСМуставни измени
Next Post

Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон

Shortcut

Најново

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад на рускиот агресор

September 28, 2026

Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026
Мартин Тасевски

Двојните стандарди не ги бранат човековите права

September 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk