ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

Министерот за правда ја повика Владата да разгледа можноста за ревизија на двојното мнозинство, додека премиерот и заменик премиерот за добро владеење и транспарентност тврдат дека ПРИНЦИПОТ останува недопирлив

August 22, 2025 11:02
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА

Министерот за правда Игор Филков изјави дека можеби дошол моментот за преглед на Принципот на Бадентер, познат како двојно мнозинство, кој е дел од Охридскиот рамковен договор и Уставот на Северна Македонија.

„Бадентеровото мнозинство се злоупотребува, можеби е дојдено време да се ревидира“ – изјави Филков.

Претходно, минатата сабота, Собранието не успеа да ги усвои измените на Изборниот законик кои ќе воведуваа рамка за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници и советници, поради недостиг на гласови за обезбедување на мнозинство по Бадентер. Според законските прописи, за обезбедување на Бадинтер се потребни најмалку 20 гласови од пратениците кои не се македонци, а парламентарното мнозинство моментално располага со 14, евентуално 15 гласови.

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека Принципот на Бадентер е дел од Уставот и рамковниот договор и како таков не се допира.

– Ова е правило, дел од Рамковниот договор. Рамковниот договор е дел од Уставот, целосно е исполнет и ова е затворена тема, изјави Мицкоски, додавајќи дека Владата чека мислење од Венецијанската комисија за Законот за адекватно застапување.

Од друга страна, Демократската унија за интеграција (ДУИ) повторно ја обвини Владата за непочитување на Охридскиот договор и предупреди дека доминирањето на мнозинството го маргинализира гласот на Албанците и другите заедници.

– Од самиот почеток кажавме дека оваа Влада има систематски план за напаѓање на Охридскиот мировен договор, што е потврдено со низа активности, почнувајќи од непочитувањето на правичното застапување, кое е уставна вредност, изјави Арбер Адеми од ДУИ.

Заменик премиерот за добро владеење и транспарентност, Арбен Фетаи, реагираше дека Принципот на Бадентер останува недопирлив и дека секој обид за негово ревидирање е правно невозможен.

– Дури и ако некој се обиде да го предизвика, нема албански пратеник кој би поддржал таква иницијатива. Секој разговор во оваа насока е бесмислен и антиевропски, нагласи Фетаи.

Принципот на Бадентер произлегува од Охридскиот рамковен договор и гарантира дека одлуките од национален и локален интерес ги одобруваат и претставниците на немнозинските заедници, обезбедувајќи еднаквост, коегзистенција и мир во мултиетничката држава.

Дестан Јонузи

Tags: БадинтерВладаВЛЕНВМРО-ДПМНЕДУИопозицијаСобрание
Next Post
Јане Ѓорѓиоски.

Заветната пропаганда

НАЈНОВО

СДСМ: Мицкоски со „владините повереници“ сака да го суспендира Уставот и волјата на граѓаните

August 22, 2025

Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

August 22, 2025

Најсложена трансплантација на коска извршена на Клиниката за ортопедија

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ако поради можноста независните да се кандидираат со два потписа изборниот процес не успее, Владата има уставна можност да постави повереници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сојузници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk