ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Изборен законик на хартија, нерегуларности во пракса: ЦИВИЛ алармира за системски колапс

December 26, 2025 11:27
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Вистинска изборна реформа не може да се постигне со козметички измени на Изборниот законик. Без доследна примена на законот, ефективни санкции и институции што ќе одговараат за своите пропусти, изборните нерегуларности ќе продолжат да го поткопуваат демократскиот процес“, порачуваат од ЦИВИЛ – Центар за слобода во изјава дадена за Фронтлајн.

Клучни аспекти на новиот изборен законик

– И покрај честите измени на Изборниот законик, изборниот процес во Северна Македонија е оптоварен со сериозни системски слабости. Проблемот не лежи само во правната рамка, туку и во примената на изборниот законик, институционалната неефикасност и отсуството на политичка одговорност за изборните прекршувања. Изборниот законик треба да се менува од корен, за да се обезбедат вистински слободни, фер и демократски избори, наведуваат од организацијата.

Иако формално започна процесот за подготовка на нов Изборен законик, реалноста укажува дека реформата сè уште се движи во зона на политичка неизвесност и институционален застој. Работната средба на претседателот на Собранието Африм Гаши со потпретседателите, координаторите на пратеничките групи и министерот за правда Игор Филков ја отвори темата за изборната реформа, но не донесе јасен одговор на клучното прашање – дали државата навистина е подготвена за системска промена на изборните правила.

Новиот изборен законик мора да ја подобри транспарентноста и довербата во изборниот процес.

Договорот Министерството за правда до втората половина на јануари да формира работна група за нов Изборен законик претставува чекор напред, но и индиректно признание дека претходните обиди за реформа останале недовршени. Ова е особено значајно ако се земе предвид фактот дека Изборниот законик од неговото донесување досега е изменуван околу 40 пати, најчесто по парцијален и ад хок пристап, што резултира со правна неконзистентност и недоречености.

Од ЦИВИЛ – центар за слобода укажуваат дека, иако Изборниот законик предвидува санкции за притисоци врз гласачите, купување гласови, кршење на изборниот молк и злоупотреба на јавни ресурси, тие ретко се применуваат во пракса. Пријавите за изборни нерегуларности најчесто остануваат без ефективна институционална реакција, што создава култура на неказнивост и ги охрабрува прекршителите. Локалните избори оваа година покажаа дека останува институционален неуспех и неажурираниот Избирачки список, во кој и понатаму фигурираат починати лица.

Загрижува фактот дека изборниот законик не се применува доследно, што доведува до изборни нерегуларности.

Дополнително, ЦИВИЛ предупредува дека Изборниот законик не ги адресира соодветно современите форми на изборна манипулација, особено во дигиталниот простор.

„Недостигот од јасни правила за онлајн политичко рекламирање и транспарентност овозможува ширење дезинформации и манипулација со јавното мислење“.

ЦИВИЛ најави дека во наредните денови ќе ја објави и онлајн публикацијата „Мониторинг и анализа на Демократски навигатор – Локални избори 2025 во Северна Македонија: Лекции што не се научени“, во која се презентирани наодите од извештаите и анализите базирани на повеќефазен мониторинг што го опфаќа целиот изборен циклус.

Институционалните неправилности поврзани со изборниот законик мора да се решат за да се обезбедат фер избори.

Министерот за правда Игор Филков информираше дека уште во јуни 2025 година Министерството подготвило измени на Изборниот законик во кои биле инкорпорирани дел од препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Сепак, тие никогаш не биле целосно процесуирани во Собранието, што дополнително ја потврдува институционалната неподготвеност за суштинска изборна реформа.

Во меѓувреме, во извештаите на ОБСЕ/ОДИХР од ноември и декември 2025 година повторно се потенцира дека честите и доцни измени на изборната регулатива ја нарушуваат правната сигурност и ја поткопуваат довербата во изборниот процес. ОБСЕ јасно препорачува наместо фрагментарни интервенции да се пристапи кон сеопфатна кодификација на изборното законодавство, со јасни и предвидливи правила, усогласени со меѓународните стандарди најмалку една година пред одржување избори.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши заедно со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи, оствариja работна средба со министерот за правда, Игор Филков, на која се разговараше за Изборниот законик.

Важно е да се вклучат сите засегнати страни во процесот на измена на изборниот законик.

Договорено е до втората половина на јануари, Министерството за правда да формира работна група која ќе пристапи кон подготовка на Изборен законик, а во која ќе бидат вклучени по двајца Претседателот на Собранието, г. Африм Гаши претставници на политичките партии и независните пратеници. Министерот за правда, Игор Филков информираше дека Измени на Изборниот законик беа изготвени од Министерството за правда во јуни 2025 година.

Во нив беа инкорпорирани дел од препораките на ОБСЕ/ОДИХР . Изборниот законик е законско решение кое од моментот на неговото донесување заклучно со овие избори има претрпено околу 40-на измени кои заради нивниот парцијален пристап создаваат неконзистентност на целиот закон.

Овој процес ќе се одвива во Собрание каде што се очекува да се одвива низ еден конструктивен дијалог од сите засегнати политички страни но и од експекртската јавност и каде очекуваме дека ќе се финализира со политички консензус од сите пратеници.

Домашните експерти и граѓанските организации, меѓу кои и ЦИВИЛ – центар за слобода, во анализите од крајот на 2025 година предупредуваат дека проблемот со Изборниот законик одамна не е технички, туку политички. Според нив, честите измени на законот се правени заради краткорочни партиски интереси, со што е нарушена неговата системска логика и е отворен простор за различни толкувања во изборната практика.

Дополнително, експертите укажуваат дека иако независните кандидати формално имаат можност за учество на избори, постојните законски решенија создаваат структурни пречки кои ги ставаат во нерамноправна позиција во однос на партиските субјекти – прашање што со години е нотирано и во препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Од Собранието порачуваат дека процесот ќе се одвива институционално и дека се очекува конструктивен дијалог меѓу сите засегнати страни, вклучително и експертската јавност. Но досегашното искуство покажува дека без јасна политичка волја и широк политички консензус, дијалогот ризикува да остане декларативен.

Оттука, клучната дилема останува отворена – дали најавениот „нов“ Изборен законик ќе биде навистина системски документ што ќе ги надмине слабостите наталожени со години, или ќе претставува уште еден компромисен текст, кој по следниот изборен циклус повторно ќе биде предмет на измени.

Уставниот суд укина строг праг за независни кандидати

Најзначајната конкретна промена во 2025 година дојде преку одлука на Уставниот суд, кој во мај ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик. Со тие одредби беше воведен услов независните кандидати и граѓанските листи да обезбедат потписи од 1 процент од вкупниот број избирачи во изборната единица, што судот го оцени како несразмерно ограничување на пасивното избирачко право.

Со оваа одлука, строгите прагови за независни кандидати се елиминирани, а условите за нивно учество на избори, според новиот изборен законик, се значително олеснети.

Што предвидуваат подготвените, но неусвоени измени

Според анализите на ОБСЕ/ОДИХР, подготвените, но неусвоени измени од 2025 година се однесуваат на повеќе клучни области: уредување на изборната администрација и нејзината финансиска автономија, појасни правила за ажурирање и водење на Избирачкиот список, построги и потранспарентни правила за финансирање на изборните кампањи, подобар и порамноправен медиумски третман на учесниците, појасни механизми за решавање изборни спорови и приговори, уредување на изборните прекршоци и санкции.

Во извештаите од ноември и декември 2025 година, ОБСЕ повторно предупреди дека честите и доцни измени на изборната регулатива ја поткопуваат довербата во изборниот процес и побара реформите да се спроведуваат најмалку една година пред одржување избори.

Системски промени остануваат без поддршка

Во текот на 2025 година беа отворени и дебати за подлабоки системски промени, како воведување една изборна единица и отворени листи, но овие предлози не добија доволна поддршка во Собранието и не беа усвоени.

Нов закон или уште една корекција?

Иако од институциите се порачува дека целта е изработка на целосно нов Изборен законик, сè уште не е јасно дали ќе се тргне од нула или ќе се користи веќе подготвениот драфт од Министерството за правда. Експертската јавност предупредува дека без вистински политички консензус и инклузивен процес, реформата ризикува да остане само формална.

Во новиот изборен законик, потребно е да се вклучат иновации за подобрување на изборната администрација.

Предизвикот, според аналитичарите, не е во пишувањето нов текст, туку во политичката подготвеност да се прифатат правила што ќе обезбедат фер, предвидлив и кредибилен изборен процес.

Дестан Јонузи

Tags: ВладаВЛЕНВМРО-ДПМНЕизборен законикМинистерство за правдаНАИСДСМСобраниеЦИВИЛ – Центар за слобода
Next Post

Скопје едногласно побара дислокација на „Усје“

EVN

НАЈНОВО

Анаис. Илустрација Фронтлајн

Неделен хороскоп со Анаис (30 март – 5 април 2026)

March 29, 2026

(ВИДЕО) Инциденти, тепачки и нерегуларности на локалните избори во Србија

March 29, 2026

Милиони на улиците против Трамп: „No Kings“ протестите меѓу најголемите во историјата на САД

March 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Милиони на улиците против Трамп: „No Kings“ протестите меѓу најголемите во историјата на САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Инциденти, тепачки и нерегуларности на локалните избори во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неделен хороскоп со Анаис (30 март – 5 април 2026)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ алармира за „хаос, деградации и партизација“ во Центарот за култура и Театар Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италија 2026: 5 големи промени за кои никој не зборува, а можат да ви го уништат патувањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk