ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Смоквите се извор на витамини, помагаат во намалување на крвниот притисок и холестеролот

January 20, 2021 09:33
in ДЕНЕС, ЗДРАВ ЖИВОТ

Смоквите – плодови на листопадните дрвја од родот фикус, се дел од човековата исхрана со векови. Ова овошје во облик на солза најдобро успева на Блискиот Исток и Средоземјето и се препорачува да се консумира за многубројни здравствени придобивки за телото.

Смоквите може да се јадат свежи или сушени, а нивната природна сладост ги прави совршена замена за шеќерот во колачи и пити. Виолетовата или зелената кора од смоквата, исто така, се јаде, како и нивната розова внатрешност.

Смоквите содржат повеќе неопходни хранливи состојки за нашето тело, како што се калциум, магнезиум, железо и витамините А, К и Б-6. Тие се полни и со растителни влакна, феноли, флавоноиди, како и антиоксиданти коишто ја спречуваат и намалуваат штетата што слободните радикали им ја прават на клетките.

Смоквите помагаат во намалување на крвниот притисок и холестеролот. Докажано е дека тие можат да влијаат на намалување на крвниот притисок, како и на нивото холестерол. Смоквите се добри и за дијабетичарите. Научно истражување од 1998 година открива дека умерениот внос смокви ги намалува инсулинските потреби за 12 насто.

Смоквите поттикнуваат подобро варење и се користат како природен лек за проблеми со запек. Тоа е така, бидејќи тие содржат растворливи влакна, што е делотворно за здравјето на цревата.

Смоквите се добри и за кожата. Кремите кои содржат суви екстракти од смоква помагаат во борбата против егземата и сувата кожа. Поради антиоксидансите, смоквите се добар сојузник и против брчките. /МИА/

Next Post

Роби Вилијамс позитивен на Ковид-19

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

August 16, 2025

Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија

August 16, 2025

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk