ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

(ФОТО) Зеленски на Самитот на ЕУ со фокус кон европските вредности – Европа се чисти од корупциското влијание на рускиот олигархиски бизнис

February 9, 2023 13:10
in PMD, ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денес во Брисел на Самитот на ЕУ се сретна со лидерите на Унијата.

Белгиската престолнина е третата станица од европската турнеја на Зеленски. Тој го посети Лондон во средата попладне, при што се обрати во британскиот Парламент и одржа работна средба со премиерот на Велика Британија, Риши Сунак, пред повторно да замине на средба во Париз со францускиот претседател, Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц.

За време на неговата посета на Брисел, Зеленски одржа говор пред европските пратеници на вонредната пленарна седница свикана утрово, пренесува Еуроњуз.

Фото: Еуроњуз

„Драги пријатели, можеби некои од вас претходно не ја почувствува моќта на европскиот начин на живот, но сега заедно, Украина и земјите од ЕУ, ја направија нашата сила очигледна“, рече Зеленски пред европратениците во последниот дел од својот говор.

– Не се враќаме пред непријателот. Не губиме време, туку се менуваме себеси, продолжи тој.

„Европа секогаш ќе остане Европа сѐ додека сме заедно, сѐ додека можеме да се грижиме за нашиот европски начин на живот“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател додаде дека планира лично да им се заблагодари на сите 27 лидери на ЕУ за преземањето на неопходните одлуки кои „му овозможија на нашиот континент да го направи она што претходната генерација лидери го сметаа за невозможно: Европа барем се ослободува од уништувачката зависност од руските фосилни горива“.

„Европа се чисти од корупциското влијание на рускиот олигархиски бизнис“, продолжи Зеленски и додаде дека Европа се брани од инфилтрацијата на руските тајни служби кои ја гледаа Европа како поле за лов на противниците на рускиот режим.

Тој го заврши својот возбудлив говор оддавајќи им почит на сите војници кои се борат против бруталната инвазија што ја започна Русија и ги покани сите пратеници да ја посетат неговата земја.

„Слава Укаини! изјави тој, а потоа накратко се префрли на англиски за да изрази прекумерна благодарност.

Потоа следеа овации. Претседателката Роберта Мецола на Зеленски му врачи знаме на Европската унија. И, сосем за крај, парламентот ја отсвири химната на Украина и Бетовеновата „Ода на радоста“.

Олаф Шолц, пак, кој се состана со Зеленски и Макрон синоќа во Париз, при пристигнувањето во Брисел кажа дека Германија го држи рекордот кога станува збор за давањето помош на Украина.

„Меѓу земјите на ЕУ, Германија е земјата која дава најголема поддршка – финансиска, хуманитарна, но и најконкретна поддршка во однос на испораката на оружје“, рече тој.

Германија во јануари беше под жестоки критики поради тоа што се двоумеше дали да дозволи извоз на тенкови Леопард 2 од германско производство во Украина.

Подготви: А. Р.

Tags: БриселВелика БританијаВолодимир ЗеленскиЕмануел МакронЛондонОлаф ШолцпаризРиши СунакСамитот на ЕУУкраина
Next Post

Стрипот „Хогар Страшниот“ прославува 50-годишен јубилеј

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk