ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Државата нема друга алтернатива освен ЕУ, мора самите да се бориме против корупцијата

March 1, 2024 12:09
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Нема дилема дали има друга подобра алтернатива, бидејќи ние на ниво на општество, на ниво на држава, го определивме членството во Европската Унија како наша стратешка цел“, вели во изјава за „Фронтлајн“ – претседателот на Институтот за демократија, Марко Трошановски, зборувајќи за европската интеграција на земјата како геостратешка и перспективна единствена алтернатива.

Марко Трошановски

– Влегувањето во големи моќни сојузи е единствена опција за мали држави како Македонија, каде не успеавме да изградиме конкурентен човечки капитал, нити производствени или пак индустриски капацитети, ниту имаме значителни ресурси. Од друга страна, сојузот со ЕУ, која е наш најголем трговски партнер, која обезбедува значителна економска поддршка преку претпристапните фондови, која што во перспектива отвора можност за 500 милионски пазар за нашите производи и многу поголема финансиска поддршка, е недвосмислено најдобрата алтернатива од економски аспект, а и секако на некој начин безбедносен аспект во комбинација со инфраструктурата на НАТО. Сепак ЕУ не е совршен систем и членството далеку од тоа дека ќе ги реши нашите внатрешни проблеми, кои на крајот зависат од нас самите, вели Трошановски.

Универзитетската професорка Ана Чупеска смета дека државата мора да продолжи на патот кон ЕУ, затоа што, како што нагласи, тоа е наш највисок државен интерес.

Проф. Ана Чупеска

– ЕУ со сите свои предизвици е демократска и мировна политичка унија пред сè, на која ние природно и припаѓаме. Од независноста до денес, вложивме многу во оваа наша државно стратешка цел, и бесмислено е да го доведуваме во прашање нашето членство во ЕУ, изјави Чупеска за „Фронтлајн“.

Претседателот на Институтот за демократија Марко Трошановски за борбата против корупцијата и дали поддршка на ЕУ и САД значи поефикасна борба против ова појава, смета дека ниту ЕУ, ниту САД можат да помогнат значително доколку внатре не постои волја која изминатите декади значително отсуствува.

Ефективна борба против корупцијата може да го обезбеди само нашата влада, која што до сега значително потфрла во овој дел, односно само 20 минатата година и 10% пред две години има исполнетото од зацртаните цели во акцискиот план за борба против корупцијата. Секако дека тие можат да потпомогнат, да трасираат да притискаат, да советуваат во многу домени како на пр. реформи во јавна администрација, во доменот на владеење на право и слично, меѓутоа никако не смееме да ги гледаме како одлучувачки фактори коишто ќе го решат проблемот со корупцијата во земјата и конечно треба одговорност да ја бараме кај самите себе, но исто и на политичко ниво, и да ги санкционираме сите чинители коишто не придонесуваат овој проблем на корупцијата да се подобри, подвлече тој.

Според универзитетската професорка Ана Чупеска, во ЕУ и во САД, со оглед на тоа што станува збор за демократски поредоци, борбата со корупцијата се смета дека е услов за подобар развој на самата демократија, на економијата и е услов за безбедноста.

– Од тие очигледни причини, впрочем помошта и поддршката што ја имаме од нив значајно допринесува и ние да можеме да се справиме со корупцијата. Иако, корупцијата не е санирана до посакуван степен, сепак, без поддршка од овие субјекти, тоа би било уште полошо. Без преговорите со ЕУ исто. Доказ за тоа се црните листи на корумпирани персони таргетирани од САД , кои би можеле да се најдат во обвинителни и истажителни предмети, но исто така и финансиската помош за справување со корупцијата што редовно ја добиваме, потенцира Чупеска.

И самите преговори со ЕУ, додава таа, имаат – значаен трансформативен ефект (или ефект на притисок) да се прават реформи во борбата против корупцијата. Затоа е важно да продолжиме со преговорите.

– Самата преговарачка рамка има насоки и за борбата против корупцијата. Оттука, тој што твди дека прво корупцијата треба да се искорени, а потоа да се преговара со ЕУ. и тој што ја отфрла преговарачката рамка, фактички блефира дека е против корупцијата, наглси таа.

Високи функционери од ЕУ и САД изјавија дека Северна Македонија мора да остане на патот на европските интеграции без оглед на тоа која извршна власт ќе раководи по изборите во мај 2024-та и какви ќе бидат раздвижувањата по изборите за Европскиот Парламент и претседателските избори во САД.

Дестан Јонузи

Tags: Ана ЧупескаВладаЕУизборикорупцијаМарко ТрошановскиСАДСеверна Македонија
Next Post

Истражување: „Ултрапреработената“ храна ја зголемува подложноста на болести

Shortcut

Најново

Со прекугранична вело-тура околу Охридското Езеро успешно заокружени активностите за Денот на Европа 2026

June 8, 2026

СДСМ: Фронтот за вистина и правда е повик за надпартиско обединување за иднината на државата

June 8, 2026

Мицкоски: Ќе сториме сè за да им помогнеме на извозно ориентираните компании во реализација на нивните амбиции

June 8, 2026

Дејан Дуковски во фокусот на „Војдан Чернодрински“: Од Прилеп се лансирав како автор

June 8, 2026

Герасимовски: „Центарска симфонија“ во сабота , оркестар, македонски шлагери и филмска музика во срцето на Скопје

June 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk