ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дерала од Вилнус: Победата на Украина значи победа на демократијата во светот

November 9, 2024 08:00
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: ЦИВИЛ

Фото: ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Џабир Дерала од ЦИВИЛ – Центар за слобода – учествува на Форумот „Иднината на демократијата“ во Вилнус, Литванија. За време на учеството на Форумот, Дерала се сретна со високи државни преставници од Европа и светот, како и со претставници на граѓанскиот сектор.

На овој форум Дерала зборуваше за посветеноста на ЦИВИЛ – Центар за слобода – за унапредување на демократијата и напорите за зајакнување на демократските институции.

Фото: ЦИВИЛ

– На овој форум, на високо ниво, од луѓе, официјални претставници или влади, се слушаат, директни изрази, директни квалификацији, директен описи на состојбите, онакви какви што се, не завиткани во дипломатски ракавици. Се разбира тоа е, меѓу другото, причината зашто организаторите одлучиле да нема лајв стриминг, да бидат правилата соодветни на Четем Хаус правилата, дека не може да се цитира на директни имења, туку само се цитираат ставовите, информираше Дерала во неговото јавување од Вилнус, Литванија на „Колегиумот“ на Цивил Медиа.

Впрочем, подвлече тој, сите се согласни дека демократијата во светот зависи од тоа како ќе се одвива ситуацијата во Украина, и со Украина.

– Победата на Украина е исто така означена, сватена и разбрана и прифатена како победа на демократијата. Нема победа на демократијата ако нема победа за Украина. Начините на кои тоа ќе се случи, тоа е веќе јасно, дека Украина мора да победи во својата војна за слобода, и поточно Русија да биде поразена во нејзината агресорска војна која е спротивна на началото на повелбата на ОН, како што предвидува и формулата за мир, истакна Дерала.

https://frontline.mk/wp-content/uploads/2024/11/465683893_8867007223360511_3247800670086378824_n.mp4

Според него, по победата на Трамп -важно е да се знае дека Европа е посочена како новиот фронт, односно се очекува Европа да преземе одговорност, барем подеднакво, ако не го преземе водството во одбраната на Украина и во одбраната на Европската демократија и светската демократија против руската агресија.

– Тоа е многу важно да се сфати дека се очекува не само од владите да донесат одлуки кои ќе помогнат во победата на Украина против руската агресија. Владите треба да донесат политики и средства да одвојат за победата на демократијата во нивните земји, против авторитарните режими и против хибридните закани и хибридните операцији на менување на когнитивната војна, на менување, на однесувањето на цели популацији, истакна тој.

Дерала, како што известува Цивил Медиа, открива дека на отворањето на Форумот, освен Министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Ландсбергис, свое обраќање имале и лидерката на белоруската опозиција, Свјатлана Тихановскаја, како и Јулија Навалнаја, сопругата на лидерот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални кого рускиот режим го уби на 16 февруари годинава. Форумот се одржа под засилени мерки на безбедност, а информациите за говорниците не беа достапни за јавноста до завршувањето на овој голем глобален настан.

Јулија Навалнаја. Форумот „Иднината на демократијата“ во Вилнус, Литванија. Фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ

На Форумот на високо ниво „Иднината на демократијата“ учествуваат голем број претставници на влади, меѓународни организации, големи фондации и организации, и врвни експерти и универзитетски професори од целиот свет. Тој е важна платформа за да се потврди улогата на државите во поддршката на регионалната и европската стабилност и безбедност. Форумот се одржa на 7 и 8 ноември 2024 година во Вилнус, Литванија.

Дестан Јонузи

Tags: ВилнусЕУИднината на демократијатаЛитванијаСАДУкраинаЏабир Дерала
Next Post
Фото: ЕПА/МИА

Њујорк Тајмс: Трамп се подготвува да ги повлече САД од Парискиот климатски договор

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk