ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Филипче со јавен повик до Мицкоски: Да ги донесеме уставните измени заедно, СДСМ ќе ја сподели одговорноста

May 21, 2026 12:42
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати директен повик до премиерот Христијан Мицкоски и до власта за заедничко носење на уставните измени, нудејќи СДСМ да ја сподели политичката одговорност за овој потег, но и за целиот понатамошен преговарачки процес со Европската Унија.

Овој апел лидерот на опозицијата го упати за време на неговото обраќање на панел-дискусијата на тема: „Геополитичката димензија на проширувањето на ЕУ и импликации за Западен Балкан“. Според Филипче, државата се наоѓа во исклучително критично време во кое мора да се донесат сериозни одлуки за да не се пропушти геополитичкиот моментум.

Посетата на Антонио Кошта и отворените врати на ЕУ

Во своето излагање, Филипче потсети дека за помалку од две недели во земјава пристигнува претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој, како што нагласи, уште пред една година јасно порачал дека за членство во ЕУ постои само „план А“.

Според претседателот на СДСМ, по повеќе од 15 години во Унијата повторно постои силна волја за проширување, кое сега е високо на листата приоритети. Како аргументи за ова, тој ги посочи формирањето на комисијата за пристапниот договор на Црна Гора, напредокот на Албанија, како и глобалните геополитички случувања поврзани со Украина и Молдавија.

„Доколку не се качиме на овој воз, можно е вратите со децении понатаму да бидат затворени. Следна работа, сега кога веќе се разговара за буџетите во Европската Унија, можно е да не бидеме земени предвид, и нема да бидеме земени предвид ако не ги направиме потребните чекори. И во следните седумгодишни буџетски рамки нас ќе нè нема“, предупреди Филипче, додавајќи дека геополитичката слика е променета и тој момент мора да се искористи.

СДСМ нуди поделба на одговорноста за преговорите

Упатувајќи го повикот до Мицкоски, Филипче истакна дека СДСМ е подготвена да застане зад процесот, како што била праксата во земјите кои веќе преговарале, како Хрватска и Бугарија, каде сите партии работеле заедно.

„Сакам да знае дека ја споделуваме одговорноста за било што, што понатаму ќе се случува во текот на преговорите. Иако сум прилично сигурен дека нема да се случи нешто што ќе задира во нашиот идентитет, јазик, култура и така натаму, сепак ја споделуваме одговорноста и заеднички учествуваме во целиот процес на водење на преговорите“, изјави лидерот на СДСМ.

На крајот од своето обраќање, тој упати остра порака за последиците доколку не се направи овој чекор, нагласувајќи дека доколку државата остане настрана, ќе тоне во сиромаштија, без пристап до европските фондови, што ќе резултира со масовно иселување на младите.

Tags: Антонио КоштаВенко ФилипчеЕУМакедонијаполитикапреговорипроширувањеСДСМуставни измениХристијан Мицкоски
Next Post

ЕУ додели нови 65,7 милиони евра за реформи во Македонија, Филипче обвинува за изгубени 200 милиони

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk