ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ КОМЕНТАРИ

Додека Рама и Вучиќ се подготвени на компромиси за влез во ЕУ, Мицкоски поставува услови

February 18, 2026 17:06
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Илустрација Фронтлајн

Илустрација Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Додека лидерите на земјите од Западен Балкан испраќаат јасни сигнали дека се подготвени на сериозни компромиси за членство во Европската унија, Македонија останува заглавена во сопствената политичка блокада.

Германскиот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung (FAZ) објави дека претседателот на Србија Александар Вучиќ е подготвен да се откаже од правото на вето доколку тоа овозможи побрз влез на Србија во Европската унија. Сличен став претходно изрази и албанскиот премиер Еди Рама, кој порача дека е подготвен да прифати членство и без право на блокада, само за неговата земја да стане дел од европското семејство.

По Рама, и Вучиќ би прифатил членство во ЕУ без право на вето

Во исто време, македонскиот премиер Христијан Мицкоски испраќа сосема поинаква порака.

На собраниска седница за пратенички прашања, Мицкоски изјави дека додека тој е претседател на Владата, уставни измени нема да се случат доколку не бидат исполнети два клучни услови – загарантирани права за Македонците во Бугарија и цврсти гаранции дека државата нема повторно да се соочува со блокади од, како што рече, субјективни причини.

Овие изјави доаѓаат во време кога уставните измени се единствениот формален услов Македонија да го продолжи процесот на пристапување кон Европската унија и да ја отвори следната фаза од преговорите.

За разлика од Белград и Тирана, кои испраќаат сигнал дека европската интеграција е стратешки приоритет дури и по цена на ограничување на сопственото влијание во идното членство, Скопје испраќа сигнал дека условите за продолжување на процесот се предмет на нови политички барања.

Европската унија веќе подолго време очекува имплементација на договорените обврски како предуслов за напредок во преговорите, додека одложувањето на уставните измени го зголемува ризикот Македонија да остане зад другите земји од регионот во процесот на европска интеграција.

Во услови кога Србија и Албанија се подготвени на далекусежни компромиси за да станат дел од Унијата, Македонија се соочува со клучна политичка одлука – дали ќе го забрза европскиот пат или ќе продолжи со политичка неизвесност која може да ја оддалечи од членството.

Мишев: Не Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се главни кочничари за влез на земјава во ЕУ

Според последното истражување на Институтот за демократија Социетас цивилис презентирано во Сoбранието кон крајот на јануари, по долги години пад, се бележи раст на поддршката на граѓаните на Северна Македонија за влез во Европската унија. Ваквиот раст, пред сè се должи на промената на расположението и поддршката од претходно неопределените и „неутрални“ граѓани. Според истражувањето направено во ноември лани, дури 71 отсто од граѓаните дале поддршка за ЕУ, што е скок од речиси десет отсто, и, што е најинтересно, таа разлика се должи на сменетото расположение кај македонскиот етникум.

Според резултатите, ЕУ континуирано се гледа како најдоверлив партнер на Северна Македонија, сега и поради променливата политика на администрацијата на Трамп.

– Пораката е пратена, но засега наидува на глуви уши кај Власта. Мицкоски упорно одбегнува да ги реализира договорените обврски со кои ќе се одблокираат преговорите за членство во ЕУ. Мицкоски во своето антидржавничко однесување, се чини дека сѐ уште смета на поддршката од парламентарните избори, иако истата драстично се намали на локалните избори, а според истражувањето, поддршката за ЕУ расте и меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Заблуден за својата улога како голем лидер, поставува дополнителни услови, глумејќи загриженост за Македонците во Бугарија, небаре него го молат да влезе во ЕУ. Очигледно е дека ги занемарува сугестиите од земјите кои веќе ги завршиле преговорите, и станале членки на Унијата, дека горливите прашања полесно се решаваат кога си внатре во ЕУ, пишува Драган Мишев за Цивил Медиа.

Ј. Ѓорѓиоски

Tags: ветоВучиќЕУкомпромисиМицкоскиРамауслови
Next Post

Николоски: Автопатот Прилеп - Битола се гради со силна динамика, започнуваме постапка за изградба на автопат и од Фариш до Прилеп и нова обиколница околу градот

Shortcut

Најново

Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Тужбите против OpenAI во САД: Што е потврдено, а што останува на ниво на обвинение?

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk