На состанокот на лидерите на Западен Балкан, што ќе се одржи во Тирана на 28 и 29 февруари, се очекува, покрај реафирмирањето на евроатлантската политика, уште еднаш да се потврди силната поддршка на земјите од Западниот Балканот кон Украина во војната против руската агресија.
– Состанокот на земјите од Западен Балкан, кој ќе се одржи на крајот на февруари, покрај реафирмацијата на стабилноста на евроатлантското патување, има и своја специфичност во силната поддршка за Украина во војната против руската агресија. Уште еднаш се докажува дека Албанија ја презема улогата на лидер на Западен Балкан во безбедносните политики во согласност со позициите на ЕУ, НАТО и САД, изјави за „Фронтлајн“, Исмет Рамадани од Евроатлантскиот совет на Северна Македонија.
Тој вели дека доаѓањето на претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Тирана, докажува сигурност и респект за улогата на Албанија и Северна Македонија во поддршката кон Украина.
– Учеството и обраќањето на претседателот Зеленски ќе биде силен удар врз проруските структури, а тоа најмногу ќе го почувствува Србија со својата двојна позиција, не дефинирана позиција за руската агресија врз Украина. Време е Тирана да и стави до знаење на Србија и на проруските структури во Северна Македонија и на други места, дека калкулациите со евроатлантската преспектива на западен Блкан нема. Самитот во Тирана ќе има позитивни импликации во политиките кои гарантираат безбедност и благосостојба во регионот, се разбира и во Северна Македонија во пресрет на претседателските и парламентарните избори, рече тој.
Дестан Јонузи
Поврзано:
Скопје и Тирана „агрегати“ на забрзување на евроатлантските интеграции на Западен Балкан