ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Над 65 % од селските водоводи во тетовско се со неисправна вода, со фекалии и ешерихија коли

June 30, 2021 16:21
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗДРАВ ЖИВОТ, РЕПУБЛИКА

Над 65 % од селските водоводи во тетовскиот регион се со микробиолошка неисправна вода, покажуваат податоците на Центарот за јавно здравје Тетово, институција која ја испитува исправноста на водата за пиење. Ваквата состојба е подолг период, но сè уште нема никој преземено соодветно мерки.

„Сето тоа се должи на нивното неодржување, односно не се заштитуваат зоните околу извориштата и резервоарите, не се одржуваат каптажите и не се врши дезинфекција.Тие резервоари можеби над 50 % ги одржуваат месните заедници, има некаде каде има оформено јавно претпријатие самата општина, но дел од месните заедници не ги даваат водоснабдителните системи затоа што како што велат самите ги граделе, а таму каде што стопанисува комунално претпријатие помалку има вакви загадувања, најчесто се работи за Ешерихија Коли“, истакна д-р Ратко Давидовски специјалист по хигиена и здравствена екологија.

Поради микробиолошката неисправност во тетовско често се јавуваат труења со дијареа и повраќање.

И вчера во тетовска Брвеница се појавија случаи на труења на мештаните. Првичните сомнежи се дека се работи за неисправна вода за пиење, земени се мостри од водата и се очекува дека утре ќе бидат готови.

Градоначалникот на Општина Брвеница излезе со соопштение.

„Ние препорачавме да не се пие водата се додека не се добијат резултатите. Не знаеме од каде е труењето ги чекаме резултатите, ќе видиме. Ние имавме дефект на пумпата од водоснабдителниот систем, така се снабдуваме со вода со бушотини затоа што немаме извори, но од Центарот за јавно здравје Тетово не информираа дека системот редовно се одржувал“, соопшти градоначалникот на Општина Брвеница Енвер Пајазити.

Во Тетово микробиолошки водата е исправна за пиење, но има периоди како деновиве, кога има појави на заматеност на водата.

„Водата е заматена од неа тече песок и кал, ова е честа појава, а никој не не информирал  кога треба да ја користиме водата, а кога не треба“, истакна една жителка на Тетово.

Д-р Давидовски вели дека проблемот е во старата и дотраена градска водоводна мрежа каде често се појавуаат дефекти, а по остранувањето на дефектите треба да помине извесен период водата да се разбистри и истата може да се користи.

„Кога има дефект може после половина час не треба да се користи, дека се работи за застоена вода. Исто така и станбените згради не ги одржуваат резервоарите со вода за пиење“, додаде д-р Давидовски.

Градската водоводна мрежа во Тетово е стара речиси еден век каде често се појавуваат дефекти кои некогаш знаат да траат со денови, а граѓаните да останат без вода за пиење, на и со заматена вода. 

Зоран Димовски

Next Post

Битиќи на средба со странските инвеститори: Сите економски политики се креираат во инклузивен процес, за унапредување на бизнис климата и побрз и одржлив економски развој

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

August 16, 2025

Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија

August 16, 2025

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk