ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Северна Македонија меѓу потребата за кредибилен обвинител и партиска окупација на правосудството!

July 31, 2025 11:38
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Сè појасно станува дека прашањето за Јавниот обвинител станува клучен политички судир во државата: правници предупредуваат дека земјата има потреба од обвинител со кредибилитет, избран дури и со меѓународна поддршка, а од СДСМ директно го обвинуваат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека се обидува да постави обвинител под негова контрола.

Ќенан Алиу

Правникот Ќенан Алиу во изјава за Фронтлајн оцени дека успешната интерпелација за јавниот обвинител не значи автоматско разрешување, но претставува политичко делегитимирање од страна на Собранието – со или без основа.

– Кај нас, секогаш кога се менува власта, се менува и јавниот обвинител. Сметам дека обвинителот треба и верувам дека ќе поднесе оставка, затоа што интерпелацијата ќе му остане како дамка за легитимитетот и кредибилитетот, изјави Алиу.

Тој нагласи дека Северна Македонија има потреба од јавен обвинител со кредибилитет во повеќе димензии, кој дури би бил избран со поддршка од меѓународен механизам.

– Само личност со неспорен интегритет и големина може да ја врши оваа сензитивна функција, која е клучна за развојот на општеството. Секоја власт посакува послушен обвинител, но демократијата, уставот, законот и кредибилни судии со силен карактер и достоинство треба да го спречат тоа, додаде Алиу.

 

Опозициската СДСМ излезе со остра реакција, обвинувајќи го лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека сака целосна контрола врз Јавното обвинителство и го обвини за обид за партизација на судството.

Според СДСМ, Мицкоски најпрво барал смена на Јавниот обвинител без конкретни причини, а потоа – кога избувна трагедијата во Кочани – тврдел дека ќе ја остави истрагата да тече и бил задоволен од постапувањето. Но сето тоа се променило кога во истрагата биле опфатени началници блиски до министерот Тошковски. Тогаш, велат од СДСМ, Мицкоски молчел, што според нив покажува дека му пречи вистината и независноста на институциите.

– Очигледно е дека Христијан Мицкоски сака обвинител под негова контрола. Не сака правда, туку контролирано обвинителство по партиска нарачка на ВМРО-ДПМНЕ, наведуваат од СДСМ.

Од СДСМ додаваат дека партијата Левица, која наводно се залага за правда, всушност му помага на ВМРО-ДПМНЕ да инсталира партиски обвинител, а тоа го докажува и фактот што не е донесен реформски Закон за јавно обвинителство и не се прифатени суштинските забелешки.

„Целта е јасна – да се избере обвинител само по волја на Мицкоски“, сметаат од СДСМ.

Партијата предупредува дека тоа би значело враќање на „тефтерчето“ и селективната правда, а како решение бара итно донесување нов, реформски Закон со кој ќе се гарантира независен избор на обвинител, ослободен од партиски притисоци.

– Тоа е волјата на граѓаните. Тоа е единствениот пат до вистинска правда, порачуваат од СДСМ и додаваат: „Мицкоски може да молчи, да се крие зад Левица, но правдата ќе стигне до секој. Граѓаните веќе гледаат што се подготвува – судство по мерка на ВМРО-ДПМНЕ.“

Северна Македонија првпат е опфатена во извештајот на Европската комисија за владеење на правото (2024). Судскиот систем е оценет со умерена подготвеност, но со ограничено спроведување на реформите и силни политички притисоци.

Европската комисија предупредува на недоволен буџет (само 0,31 % од БДП), забавени реформи во избор и дисциплина на судиите и обвинителите, како и слаба усогласеност со европските стандарди за борба против корупцијата и перењето пари.

Препораките се јасни: зголемување на буџетот до најмалку 0,5–0,6 % од БДП, поголема независност на институциите и итно спроведување на клучните закони за европска интеграција.

Дестан Јонузи

Tags: ВМРО-ДПМНЕЈавен обвинителСДСМЌенан АлиуХристијан Мицкоски
Next Post

МОН објави повици за ангажирање образовни медијатори за поддршка на ученици Роми во основните и средните училишта

Shortcut

Најново

Утре во Скопје се отвора 25-то јубилејно издание на ОФФест

June 2, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Преку министерствата и општините инвестираме половина милијарда евра во капитални проекти

June 2, 2026
Охрид. Фото: Фронтлајн

Контроли на плажите: Владата ги прецизираше термините за забрана на скутери и чамци на трите езера

June 2, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски: Како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет?

June 2, 2026

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

June 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk