пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Го слушам вчера потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, одлучно истакнува дека неговата партија сака избори со нормална кампања со митинзи и излегување на терен. Како дел од причините наведе дека ВМРО-ДПМНЕ немале пари за Фејсбук кампањи.
Каков апсурд е да кажеш дека не сакаш кампања што би се прилагодила спрема настанатите услови, туку класична кампања со масовни митинзи и теренски активности, а едновремено да кукаш дека немаш пари? Прво кога ќе го чуеш како кукумјака вториот човек на најбогатата партија во Европа и кога ќе ја погледнеш онаа палата во центарот на Скопје како се белее со сиот тој скап квази барокен кич, во најмала рака ти вреѓа интелигенција. За оние порцелани, кристални лустери теписи, таписерии… за тој прескап кичерај внатре, во кој уживаа врхушката на партијата, потребно ли е да потсетувам? И сиот, таков горделив потпретседателот на ДПМНЕ као се заканува:
– Ние нема да одиме на Фејсбук избори. Фејсбук кампања не е кампања. Сакаме теренски активности и митинзи. Ние сме опозицијата, немаме друг начин да се претставиме. Ние немаме илјадници евра да пуштиме спонзорирања на Фејсбук. Ние немаме пари за да правиме скапи кампањи, вели Александар Николовски.
Имале пари за класични митинзи, каде се влечка опрема со шлепери, каде се монтираат бини, се обезбедува простор, се поставува светло, се плаќа озвучување, па миксети, па луѓе што сето тоа го организираат и реализираат, па певаљки и певци обавезен митингашки декор, па автобуси, па пичке материне што ли уште нè што стотици илјади евра и што сме навикнале да гледаме триесет години прескапи циркузи од најголемиве партии…. И сето тоа пази молим те, Александар вели, било поевтино, отколку да си ги претставиш програмите и целите на интернет, да бустираш постови на Фејсбук, видеа и што ти ја знам такви ствари, кои во однос на митингашење, е во најмала рака евтина дребулија. Немале пари, за фејсбук, имале за митинзи, велат апсурдистанците од Белата палата?
Ако не, да собираме донации како за неухранета партија, да ги потхраниме, да им придадеме. Да ги сместиме во некоја установа, не ќе ги оставиме на улица луѓето? Да бидеме луѓе и да му се најдеме на „соседот“ во невоља, онака исто како што тие и се најдоа на државата кога државата ни беше во кома која нели, тие и ја предизвикаа. Да им вратиме, мило за драго.
Да ги згрижиме институционалнои, душичките напатени, шо?!
Вреди ли да ви зборувам како тие од ДПМНЕ се загрижени за здравјето на граѓаните, а бараат масовни собиранки и вмровски груперај каде ќе се настегаат мишка до мишка, врат до врат… или ќе биде премногу и да се спомнуваат такви здраворазумни компарации кои се можни во даденава ситуација.