ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: Одликувањата за заслуги потврдуваат и дека во општеството постои јасно одбележана патека со критериуми за вреднување

March 25, 2022 16:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија ги одликуваше Милица Стојанова, Милка Ефтимова и Стојна Вангеловска со Орден за заслуги за Република Северна Македонија и им додели признание Повелба на Република Северна Македонија на Факултетот за Драмски уметности, на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и на Националната установа Турски театар.

На свеченоста која се одржа во Филхармонија на Северна Македонија, претседателот Пендаровски во своето обраќање порача дека одликувањата се сатисфакција за посветеноста, за вложениот труд и за ефектите од него, на одликуваните. Но, тие се и нешто повеќе од тоа – тие се аргумент дека пошироката заедница поседува референтни точки врз основа на коишто може да ги гради понатаму своите развојни политики во сите витални општествени сфери. Освен што зборуваат за државните приоритети, одликувањата потврдуваат и дека во општеството постои јасно одбележана патека со критериуми за вреднување, во рамките на хуманите вредносни системи.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски:

Радост е, а истовремено и голема чест, да се оддаде признание на личности и институции кои ги претставуваат ‘рбетот, образот и честа на нашето време. Доколку сакаме општество кое во секој свој сегмент ќе ја одразува современоста изнедрена од континуитетот, тогаш треба да ги истакнуваме и впишуваме во националната меморија, оние без кои нашата државност не би имала темели за натамошно надградување.

Како го обликуваме јавниот простор, дали го чуваме паметењето за наследената и за живата култура, колку грижливо ги архивираме сите сегменти од нашиот комплексен социо-културен идентитет, како ги создаваме и колку ги почитуваме сопствените вредносни системи – од нас зависи. Во општествениот, културниот, еднакво и во индивидуалниот и заедничкиот простор, наша обврска и одговорност е постојано да полемизираме за наративите кои се клучни за вредносните вертикали кои го градат нашиот плурален културен амбиент.

Во глобалниот политичко-историски момент кој го живееме, а кој се одликува со недоверба и масовно преиспитување на повеќето клучни цивилизациски придобивки, кои, за жал, се разнишани, како никогаш до сега, ништо не е поважно од афирмирање на примерите на човечката извонредност во културата, уметноста, науката, образованието и спортот. Во таа смисла, одликувањата освен што се благодарност кон одликуваните за нивните постигнувања, тие ги афирмираат и моделите на доблесно човеково однесување како патокази за идните генерации.

Одликувањата се сатисфакција за посветеноста, за вложениот труд и за ефектите од него, на одликуваните. Но, тие се и нешто повеќе од тоа – тие се аргумент дека пошироката заедница поседува референтни точки врз основа на коишто може да ги гради понатаму своите развојни политики во сите витални општествени сфери. Освен што зборуваат за државните приоритети, одликувањата потврдуваат и дека во општеството постои јасно одбележана патека со критериуми за вреднување, во рамките на хуманите вредносни системи.

Постојат два можни пристапи во културата на паметење: едниот вели дека сегашноста го обликува нашето разбирање за минатото, а другиот дека минатото има влијание врз она што се случува во сегашноста и што се очекува да биде во иднината. Притоа, се разбира, овие два пристапа се комплементарни и не се исклучуваат.

На рабовите на големите историски наративи важно е како се однесуваме кон вреднувањето на индивидуалниот творечки опус и неговото меморирање. Не смееме да дозволиме нашите културни и општествени симболи да не бидат врежани и во нашата современост. Токму затоа, потребно ни е одново препрочитување на вредностите кои се одамна фундирани, но, кои делуваат свежо и актуелно и денес, после толку години. Затоа што, наследството без актуелниот глас на поддршка и признание ја губи својата сила кај новите генерации. Ако го почитуваме и чуваме местото на индивидуалните творечки блесоци во живата култура, тогаш можеме да бидеме спокојни дека темелите на нашиот заеднички дом се длабоко вкопани и стабилни.

Културната, општествената меморија припаѓа на индивидуалниот, теориски, естетски и еснафски домен на вреднување, но, таа доживува најширока верификација, преку заедничкото, колективното признание. Таквите одлуки честопати се, и треба да бидат, предмет на полемики, меѓутоа постојат личности и институции кои наспроти различните пристапи за вреднување, едноставно добиваат акламативна поддршка и одобрување.

Денешните добитнички на Орден за заслуги на Република Северна Македонија: Милица Стојанова, Милка Ефтимова и Стојна Вангеловска, како и институциите, добитници на Повелби на Република Северна Македонија: Факултетот за драмски уметности, Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и Националната установа Турски театар се примери за највисоки национални вредности кои опстојуваат со децении како неспорни константи во македонската држава и општество. 

Им честитам на добитниците и им благодарам за сето сторено до сега, за својот народ и за својата земја.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Министерките за надворешни работи на 16 земји ги повикаа Талибанците да ја повлечат одлуката за образование на девојчињата

НАЈНОВО

Филипче од Кочани: Ниту еден политичар не може да оди со крената глава во Кочани, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

October 13, 2025
Фото: МИА

(ВИДЕО) Енис Барди со еврогол – Македонија нерешено со Казакстан

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Tрамп: Потпишан историски документ, војната во Газа е завршена, започнува реконструкцијата

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk