ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Зошто се радував што немаше публика на натпреварот Македонија-Косово

October 9, 2020 16:12
in ESPRESSO, ДЕНЕС, МОЗАИК, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Во полуфинален дуел од Лигата на нации, вчера Македонија и Косово го играа и за двете репрезентации историскиот натпревар, кој за победникот значеше само една победа до пласман на Европското првенство во фудбал.

Победи нашата – македонската репрезентација!

За прв пат во историјата на македонскиот фудбал, се наоѓаме на чекор до остварување на сонот и прво учество на едно Европско првенство на македонска сениорска фудбалска репрезентација.

Трибините на Арената „Тодор Проески“ останаа празни да го испратат овој голем успех на нашите фудбалери.

И сега, доаѓа оној дел што ми стои како грутка во грлото, што ме боли и од кој не знаам како да се ослободам на вистинскиот начин, а да не е болно – трибините беа празни а јас како нескротлив фудбалски фан се радував на тоа. Ова вака напишано ако го чита некој што не ги познава македонскиве, а и балкански не/прилики, ќе му звучи парадоксално, но не и мене, не и нам. За жал нам ова ни звучи сосема во ред оти се поштедивме од уште едно…

Од што побогу се поштедивме, драги мои?

Не беше толку проблемот дали ќе дојдат навивачите на соседно Косово, иако секако ќе беше иницијална каписла, колку што беше проблемот, како ќе се навива и кои слогани ќе бидат зло/употребени, не само од навивачите на Косово, туку и од нашите навивачи.

Во македонската фудбалска репрезентација има фудбалери со различна етничка припадност. (Знаете ли колку пати ја пишав и преформулирав оваа реченица за да не звучи глупаво и да биде коректна, а и вака ми звучи како некое безвено академско оправдување?). Пандев, Елмаз, Барди, Демири, Ристовски, Алиоски и дружината се една прекрасно вклопена квалитена фудбалска лепеза од фудбалери и пред сè луѓе, кои е жално да се стават во каков и да е друг контекст освен спортски и фудбалски.

Додека нашиве фудбалери го оставаат срцето на терен, ние – сите ние, пак, биле на трибини, пред ТВ, или пред тастатура, сме една „посебна приказна“. И нема тука никакви оправдувања за нашето однесување. И не знам дали сме „ние“, или се тоа само мала група или поединци што мразат и посакуваат смрт, залетани и задоени национал-фашистички, со малциозен говор на омраза и закани, но гласни се и ги гледаме и слушаме, бодат очи и тоа боли. Затоа се радував што нема публика – што нема да морам да веднам глава кога седам на трибина а сум дошол заедно со Ариан, Џељо, Диме и Замир… а ги слушам гадните националистички пароли и слогани „Мртов… добар…“што ме прави да се чувствувам поразено и во пебедите.

Боли до коска да ги слушаш, ама боли до коска и тоа што за да не ги слушаш би жртвувал еден така велелепен и историски натпревар да сакам да помине без да бидам таму за да ги поддржам, историска утакмица без публика, само за да не се избламираме и да не ги разгориме анималните пориви на нашето жално секојдневие. Тука и нам, нема да ни помогнат ни сите повици, ни релаксирање на меѓунационалните односи од политичките лидери, партии, влада, НВО и кои и да се дуруги организации, ако ние самите не си помогнеме и не смогнеме сила да се надминеме.

Ја видовте ли радоста кога се постигнуваа головите, ја видовте ли радоста и љубовта помеѓу играчите после последната свирка на холандскиот судија? Еве, нека не биде тоа ради нас, нека биде ради Елмаз, Барди, ради Пандев и Тричковски и Алиоски, ради сите тие прекрасни момци кои нè радуваат. Нека биде за да се радуваме заедно со нив, како едно – сите.

И не само за оваа утакмица, туку нека биде и за онаа со Грузија, која ќе не однесе на Евроско првенство, нека биде и за „утакмицата“ за влез во ЕУ која мора да ја победиме, но дајте да направиме да се радуваме и на утакмицата помеѓу Шкендија и Вардар, ФК Охрид и Влазрими…

Нека биде тоа за нас и за сите победи кои ни престојат и ги очекуваме и тоа онака во толпа – со публика, со прегратки да ги прославиме заедничките победи кои ќе не обединуваат.

Тоа им го должиме на овие момци кои не радуваат, тоа им го должиме на сите деца кои сакаме да растат во една релаксирана и здрава држава, чиј просперитет зависи од сите нас и е остварливо само ако сме заедно.

Ви звучи патетично и невозможно? Сетете се само како вчера капитенот Пандев на крајот ги гушкаше Муслиу, Барди, Демири и ги бакнуваше сите негови фудбалери. Сетете се на пораките за поддршка и топлината што ја праќаше Елмаз пред натпреварот кој беше спречениот од проклетијата вирус триумфот да го сподели со другарите. Тоа сме ние, тоа треба да бидеме секогаш.

Дајте да сме дел од приказната, а не „некоја посебна приказна“.


Сите права се задржани. Тесктот е личен став на Авторот.

Next Post

УЈП ја прилагоди апликацијата за Викенд без ДДВ, сметките ќе се скенираат три дена, данокот ќе се врати до крајот на октомври

НАЈНОВО

Берлин го повика Пјонгјанг веднаш да ги запре незаконските ракетни тестови

November 7, 2025

Премиера на македонската песна за Јуниорскиот Евросонг 2025 – „Miracle“ во изведба на Нела Манческа

November 7, 2025

Мицкоски: Владата ќе именува повереници во општините каде не беа избрани градоначалници кога официјално ќе бидат завршени изборите

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk