ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Собранието ги изгласа дополнувањата на Законите за студентски и за ученички стандард

Во овие два закони се додаваат нови одредби со кои се регулира начинот на организирањето на дејноста во студентските и ученичките домови во услови на епидемијата.

October 9, 2020 18:18
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска во рамки на продолжението на 15. седница попладнево го усвои доплнувањата на Законот за студентскиот стандард и на Законот за ученичкиот стандард, по скратена постапка.

Во овие два закони се додаваат нови одредби со кои се регулира начинот на организирањето на дејноста во студентските и ученичките домови во услови на епидемијата.

Исто така, се регулира дека студентите или учениците кои конкурирале на конкурсот за сместување во студентските или ученички домови и им се одобрени барањата за сместување, но заради намалениот број на сместувачки легла не може да се сместат во студентски или ученички дом, им се исплаќа месечна сума на средства за покривање на трошоците за приватно сместување, односно месечна сума на средства за покривање на трошоците за превоз од местото на живеење до  местото во кое се одвиваат студиите.

Пратениците претходно ги изгласаа и измените и дополнувањата на Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишно воспитание, основно и средно образование, по скратена постапка, а го донесоа и Законот за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, по скратена постапка.

Пратениците ќе дебатираат и за Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација, во прво читање, како и измените на Законот за заштита на укажувачи, за измените и дополнувањата на Законот за судските такси, на Законот за автокампови и на Законот за скијалишта./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Законот за заштита од дискриминација помина во прво читање во Собранието

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Трамп објави крај на војната во Газа, пред посетата на Израел и Египет

October 13, 2025

Локални избори во Косово: „Српска листа“ ги освои сите десет српски општини; главните партии одат во втор круг

October 13, 2025

Фон дер Лајен в среда во Скопје, почнува тридневната турнеја низ Западен Балкан 

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk