ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Законот за заштита од дискриминација помина во прво читање во Собранието

Потрошивме многу време изминативе години во поделби, дискриминација, стигматизирање кои не носат добро никому и ги кочат нашите чекори напред. Ова решение е истото кое беше во законодавниот дом пред две гоини помина низ долг консултативен процес и кое доби зелено светло и од меѓународни експерти вклучително и Венецијанската комисија, рече Шахпаска.

October 9, 2020 18:35
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието попладнево на 15. седница го изгласа Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација, во прво читање.

Ова законско решение, како што изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, е од суштинска важност, пред сѐ за граѓаните.

-Потрошивме многу време изминативе години во поделби, дискриминација, стигматизирање кои не носат добро никому и ги кочат нашите чекори напред. Ова решение е истото кое беше во законодавниот дом пред две години помина низ долг консултативен процес и кое доби зелено светло и од меѓународни експерти вклучително и Венецијанската комисија, рече Шахпаска.

Со ова законско решение, според министерката, ќе се овозможи целосно приближување до меѓународните стандарди, а нашите граѓани ќе добијат соодветна правна заштита.  

-Формирање на професионална Комисија за спречување на дискриминација. Комисија ќе биде составена од 7 члена.Тие ќе го претставуваат составот на општеството во целина. Членовите на Комисијата треба да имаат минимум 7 години работно искуство од областа на човековите права, од кои 5 години во областа на еднаквост и недискриминација. Комисијата носи заклучоци, препорачува постапки за отстранување на повредите на правото. Со Законот се воведува тужба за дискриминација од јавен интерес. Ќе ги штити лицата кои се дискриминирани по која било основа, рече Шахпаска.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски истакна дека ќе дадат поддршка да се пристапи кон усвојување на овој закон.

– Значајно е што покрај условно кажано во делот на казни се работи во делот на превенција. Мора да ја креваме свеста кај општеството за овие прашања, заеднички да работиме на превенција од дискриминација без разлика по која основа е, рече Николовски.

Маја Морачанин од ДОМ рече дека со овој закон се овозможува заштита од дискриминација што е напредок на човековите права.  

-Сега за првпат во нашето законодавство во овј закон сексуалната ориентација и родовиот идентитет се наведени експлицитно како основи за диксриминација и сметам дека ова навистина многу ќе придонесе за заштитата и спречување на дискриминацијата на една од најмаргинализираните групи во нашето општество а тоа се ЛГБТ. Навистина ми е драго што и по ова прашање има консензус, рече Морачанин./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

За целосен поврат на ДДВ, сметките ќе треба да се скенираат во рок од 3 дена по нивното издавање

НАЈНОВО

Претставување на современата македонска книжевност на Саемот на книгата во Франкфурт

October 13, 2025

Спалети го состави својот ол-стар тим од најдобрите играчи што ги тренирал

October 13, 2025
Израелски хеликоптери се упатуваат кон базата Реим за да ги примат вратените заложници. Фото: ИДФ

Првите седум ослободени заложници од Газа придружувани од ИДФ се враќаат во Израел, потврди војската

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk