ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Пропагандни дибеци на прес-конференции

March 20, 2020 10:08
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ 

Стратегијата на „капка по капка систем“ во ширењето на лажни вести, колку што е одвратна, толку е и опасна за менталното здравје на нацијата, особено во вонредни ситуации, каква што е оваа во која сега се наоѓаме. Во такви општествени состојби, јавноста има ескалирани чувства на страв, несигурност, збунетост, сомневање, и е податлива цел за секакви манипулации и ширење злобни гласишта.

Време на „специјална војна“, што викаа во ЈНА. Време на организирано ширење на лажни вести, што рече некни Пендаровски.

Оној Дибек што седи на прес-конференциите на Филипче, кој секогаш „се тепа“ да постави прв 5-6 прашања (кои се секогаш контекстуализирани, реторички, бидејќи одговорот, во суштина, не го ни интересира), а зад кого работи цела фабрика за измислување фејк-њуз и чијшто портал е измислен за труење на јавноста, е таква една „капка“, ако не и цела „чешма“. Смислата на неговото постоење е да се легитимираат секакви полувистини, конструкции, шпекулации и глупости како да се професионален новинарски производ, за потоа да можат да бидат превземани и цитирани од целата останата, за нијанса „попристојна“ пропагандна машинерија, во стилот: „како што пишуваат некои медиуми“ – за да следуваат дополнителни лопати лепешки врз што и кого ќе им текне.

Едно од главните правила во пропагандата е кој ја контролира пораката, кој го контролира темпото, кој ја има иницијативата. Наметнувањето теми во јавноста – какви и да се тие – се дел од таа стратегија. На пример: јадете лук мешан со дренки – лечи против корона!

Не е дури ни важно како и колку, правовремено или задоцнето, ќе се успее со официјални или лични деманти на тие злобни конструкции. Не е дури ни важно дали нивните гласноговорници се претходно осудувани за клевети и навреди и ширење лаги. Во време на интернет, тие си имаат своја бројна публика која ги шерува и лајкува, која лечи лични и политички фрустрации „низ“ нив, која функционира според принципот „Виде како му кажа!? Алал да му е!“ и слично.

Тие се дел од новата медиумска реалност во светот и тука речиси и да нема лек. Речиси…

Имено, едно друго клучно правило во пропагандата се нарекува „споделување кредибилитет“ – најпросто речено, доколку вие стоите до признат експерт или универзитетски професор кога кажувате одредена произволност или невистина, а уште подобро ако тоа се случува во аулата на некој познат универзитет, тогаш барем дел од публиката со право си вели дека „овој тоа што го зборува – лагата – мора да е точно, оти до него стои признатиот експерт, а и не би го пуштиле да дава изјави на универзитет, ако е лажго“!

Е, па, тоа сега нам ни се случува: разни дибеци и фолиранти седат, „блендирани“ меѓу професионални новинари, по прес-конференции кај претседатели, премиери, во Влада и по кризни комитети, за кои, кога веќе им дозволиле да поставуваат прашања, барем дел од јавноста мисли дека се кредибилни извори на информации – оти, си вели тој дел од јавноста, зошто инаку ги пуштиле таму?!

Некои од официјалните лица се повешти да одговорат на тие провокации, некои и не се толку вешти, а и сериозноста на сегашната состојба е таква што тие внимаваат на секој свој искажан збор или гестикулација, обврска што ја немаат пропагандните провокатори.

Заради тоа, во „нормалниот“ свет на политиката и медиумите постојат системи на акредитации и воспоставено професионално селектирање, процес на проверка кој може, а кој не може да седи на официјални прес-конференции. На пример, луѓе кои доаѓаат по куси пантолони или по рамбо-маички на такви настани, кои се претходно осудувани за ширење омраза и лаги или кои тврдат дека Земјата е рамна – не добиваат, од надлежните прес-служби, акредитации за присуство на вакви прес-конференции. И околу тоа не се водат големи дебати.

Од дома – за жал – и понатаму можат да пишуваат што сакаат, но со „кредибилитетот“ на својата спална соба.

Во Македонија има доволен број професионални новинари и медиуми со поблиски или подалечни вредносни уверувања кон опозицијата или кон власта (или кон никого!), кои можат слободно да ја извршуваат функцијата за информирање на критичката јавност и за разоткривање на евентуалните злоупотреби на политичарите.

Време е – во ова невреме – медиумските дибеци да се вратат во произволноста и „неограничената слобода“ на нивните спални соби, пред да го преминат прагот на некоја официјална прес-конференција.

 


Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk