ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски – Јелстад: Реформите во одбраната се високо на заедничкатa агенда со Норвешка

-Наскоро, Северна Македонија и официјално ќе стане 30-тиот член на НАТО Алијансата и сигурен сум дека во иднина тоа ќе претставува дополнителен мост на поврзување меѓу Република Северна Македонија и Кралството Норвешка како партнери и сојузници, посочил Пендаровски.

January 15, 2020 12:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Јерн Јелстад, новоименуван амбасадор на Кралството Норвешка за Република Северна Македонија, со седиште во Белград.

Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, на церемонијата на предавање на акредитивите истакнал дека од воспоставувањето на дипломатските односи, двете држави во континуитет градат пријателски и партнерски односи и дека е постигнат успешен развој на билатералните односи во повеќе сфери на општественото живеење. Претседателот изразил очекување за интензивирање на политичкиот дијалог на сите нивоа, како и збогатување на соработката во сферата на економијата, инвестициите, екологијата, туризмот и други сфери од заемен интерес.

-Наскоро, Северна Македонија и официјално ќе стане 30-тиот член на НАТО Алијансата и сигурен сум дека во иднина тоа ќе претставува дополнителен мост на поврзување меѓу Република Северна Македонија и Кралството Норвешка како партнери и сојузници, посочил Пендаровски.

Претседателот изразил голема благодарност за конзистентната поддршка од пријателска Норвешка, која e силен промотор на евроатлантските интегративни процеси и истакна дека Република Северна Македонија останува посветена на остварувањето на своите стратешки приоритети.

-Убедени сме дека европската и евроатлантската перспектива е гаранција за просперитет, стабилност и благостојбата на Балканот. Во овој контекст, високо го цениме интересот и присуството на Норвешка не само кај нас, туку и во целиот регион, истакнал претседателот Пендаровски во својот говор.

Амбасадорот Јелстад нагласил дека билатералните односи се одлични и продолжуваат да се развиваат на многу цврста основа на историското пријателство меѓу двете земји и нагласи дека е постигнат напредок во областа на економијата.

Тој, посочувајќи го заедничкото распоредување во ИСАФ, како важен елемент за натамошно зајакнување на одличните билатерални односи, оценил дека реформите во одбраната се високо на заедничкатa агенда на двете земји. – Норвешка со нетрпение очекува да и посака добредојде на Северна Македонија како 30-та членка на НАТО, изјавил новоименуваниот амбасадор на Кралството Норвешка.

Амбасадорот Јелстад нагласил дека во изминатите 19 години, Норвешка обезбеди повеќе од 125 милиони евра помош за Северна Македонија и дека ќе продолжи да ги поддржува напорите на земјава за евроатлантска интеграција преку заеднички програми во рамките на клучните општествени сектори.

Претседателот Пендаровски на новоименуваниот амбасадор му посакал многу успех и добро здравје во извршувањето на одговорната дипломатска функција, стои во соопштението.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Се поголем е бројот на патници на аеродромите во земјава

НАЈНОВО

Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

September 3, 2025

ОЈО: Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага

September 3, 2025

„Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk