ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Директорот на штипската клиника Георгиев, до координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Јорданов: Бедно и срамно е да се плашат и манипулираат граѓаните на Штип и регионот

Откако Иван Јорданов координатор на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип и кандидат за пратеник на второ место во ИЕ 3, вчера излезе со тешки обвинувања за работата и раководството на Клиничката болницата во Штип, со одговор реагираше директорот на Клиничката болница Ален Георгиев

April 1, 2020 09:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Откако Иван Јорданов координатор на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип и кандидат за пратеник на второ место во ИЕ 3, вчера излезе со тешки обвинувања за работата на раководството на Клиничката болницата во Штип, со одговор реагираше директорот на Клиничката болница Штип, Ален Георгиев.

Преписката на Фејсбук следеше кога Координаторот од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил обвини дека е бедно и срамно што Клиничката болница Штип е пред колапс. Јорданов обвинува дека во клиниката нема материјали, а набавка на нови не се очекува во брзо време. Ова се алармантни вести од институцијата која треба да лечи и тоа посебно сега во време на криза, напиша Иван Јорданов

На тие обвиненија Ален Георгиев, директорот на Клиниката од Штип, вели дека тоа не е точно и дека е бедно и срамно да се манипулираат граѓаните. Тој нагласува дека има и маски и ракавици, визири, скафандери, мантили за една употреба и сѐ друго што е потребно во дадените услови. Георгиев истакнува дека вистина Клиничката болница во Штип била во колапс, но тоа било пред две години, со бившото раководство поставено од ВМРО-ДПМНЕ, кога болницата на вработените требало да им врати 400.000 евра.

Еве што вели директорот на Клиничката болница Ален Георгиев на својот Фејсбук профил:

„Бедно и срамно е да се плашат и манипулираат граѓаните на Штип и регионот!!!
Материјали има: маски, капи, наочари, визири, ракавици, мантили за една употреба, скафандери за една употреба, шиени скафандери и се што е потребно. Нормално е деке ќе се трошат, но без материјали нема да останеме. Сите оддели имаат далечински мерач на температура. Сите простории редовно и по потреба се дезинфицираат. Е сега, во врска со колапсот. Клиничка Болница беше пред колапс, ама пред 2 години, кога требаше да се вратат скоро 400.000 евра на вработените, кои некој не им ги исплаќал со години наназад. Ги вративме ние и не колабиравме. За нашите менаџерски способности има кој да цени. Сега за оние апарати за кои со денови зборувате – РЕСПИРАТОРИ нема да сметам колку можевме да купиме, ако не се купуваа врби, шмизли и прометеи. Прво, респиратор е машина, која може да ја користи само високо обучен кадар (анестезиолози и можеби уште некој) и само онаму каде што има централен довод на кислород. Во Клиничка Болница Штип имаме 2 респиратори од Владата донирани пред 8- 9 години, но за среќа првпат комплетно сервисирани пред 2 месеци.

Од лани имаме и транспортен респиратор, набавен со сопствени средства, кој освен за транспорт, може и статично да се користи со кислородна боца. Од лани купен со сопствени средства имаме апарат за анестезија, со сопствени средства, кој може по потреба да биде користен како респиратор. За околу еден месец, ќе добиеме нов модерен респиратор, повторно набавен со сопствени средства и ќе биде ставен во функција.

На крај, нема потреба од терање политика, во услови кога имаме голема закана за сите нас.Короната нема да не бира по убавина, интелигенција или политичка припадност. Затоа да бидеме конструктивни, дадете некој корисен совет, мерка, има време за политичка пресметка.

Здравјето, мирот и спокојот на граѓаните пред и над се!“, напиша Георгиев.

Ј. Ѓ.

 

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Ален ГеоргиевИван ЈордановклиникаШтип

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Арсовска достави докази во ОЈО во врска со легализирани дивоградби во Чаир спротивно на закон

May 31, 2025

Наместо европски реформи – предизборни идентитетски магли

May 31, 2025

(ФОТО) „Марш за ангелите“ во Кочани, родителите порачаа ако нема правда во државата, вистината ќе ја обелоденат во меѓународни рамки

May 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Автодиверзија врз сопственото постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари: Алијансата за Албанците, ДУИ и „Влен“ може да соработуваат на изборите во Кичево

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказната на Соња Иванова и нејзината книжарница на отворено

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk