Лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами, исто како лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, ги условуваат уставните измени и со тоа го попречуваат патот на Северна Македонија кон Европската унија (ЕУ).
Касами во неделното интервју за Радио Слободна Европа изјави дека сѐ додека не се внесе промената на формулацијата од 20 отсто јазикот што го зборуваат граѓаните во албански јазик, пратениците на Беса нема да ги гласаат уставните измени.
„Албанската опозиција окрупнува и ја отвора вратата за партиите кои ќе и се спротивстават на ДУИ“, изјави Касами и најави заеднички кандидат на опозицискиот фронт на Албанците за претстојните претседателски избори
Тој нгаласува дека предизборно нема можност за каква било комбинација со ВМРО-ДПМНЕ, па и со која и да е друга македонска опозициска партија.
Д. Јонузи