САД излегуваат од тешкиот период и ситуацијата со пандемијата се подобрува, изјави Џефри Зинц, координатор на работната група на Белата куќа за борба против коронавирусот.
Тој истакна дека 58 отсто од лицата на возраст од 18 години, односно 149 милиони, примиле барем една доза вакцина против Ковид-19.
Зинц оцени дека има доволно вакцини за сите Американци, иако бројот на нововакцинирани е намален на 2,1 милион, што е 40 отсто помалку од претходниот месец.
Американскиот претседател Џо Бајден изрази надеж дека до 4 јули бројот на вакцинирани ќе достигне 70 отсто. Ревакцинирани се 112,6 милиони Американци.
Околу 20 отсто, главно приврзаници на поранешниот претседател Доналд Трамп, одбиваат да се вакцинираат.
Ентони Фаучи, главниот медицински советник на Бајден, изјави за Еј Би Си дека имунизацијата е поттикната од тоа што процедурата е едноставна – вакцината може да се прими и без закажување, на пунктовите во аптеките.
Фаучи нагласи дека дневно се регистрираат околу 43.000 нови случаи на зараза во САД и тој број мора да се намали.
Од почетокот на пандемијата, во Америка од Ковид-19 починале над 581.000 луѓе, а потврдени се 32,7 милиони инфицирани, покажуваат податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс.