ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Шилегов за премислувањето на Арсовска за БРТ: Загубени две години кои паѓаат на грбот на Скопјани

November 10, 2023 09:42
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Автобуси за скопјани ќе има, ама кога јас ќе сакам

Мицкоски и Арсовска слават изборна победа на Арсовска во Скопје. Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов, во објава на Фејсбук во врска со премислувањето на актуелната градоначалничка Данела Арсовска за проектот БРТ, вели дека „новото градско раководство се враќа онаму каде што требаше да продолжи пред 2 години“.

„Мојот професор Марјановиќ, своевремено велеше: на будалите отпосле им текнува.

После 2 години однесување како вошка во перика, заради очигледната некомпетентност, немање визија и основно познавање, новото градско раководство се враќа онаму каде што требаше да продолжи пред 2 години :

– Реализација на целосно разработен проект со обезбедена финансиска констукција, одобрен од меѓународната и домашна стручна јавност како најоптимално решение за Скопје.

Фрлањето прашина во очи “со отклонување на грешките на претходното градско раководство”, не го разбирам како ништо друго, освен како очаен обид да се обезбеди алиби за сопствената глупост. Впрочем, 2 години сме сведоци дека незнаењето го кријат со перманентен конфликт и караници со секого, вклучително и со сопствените директори.

Загубените 2 години (досега ќе беше во полн ек изградбата) и парите кои како камати се платени во меѓувреме, за жал, повторно паѓаат на грбот на Скопјани“, реагира Шилегов.

Арсовска, како што соопштија од град Скопје, се попишмани во врска со проектот за брз автобуски транспорт (Бас рапит транзит – БРТ) што го започна претходната градска администрација на чело со Петре Шилегов.

„Скопје конечно ќе добие нов транспортен систем. Системот за Брз автобуски превоз доби зелено светло од меѓународните партнери со што започнува неговата реализација во главниот град. Проектот подразбира изградба на два нови терминали, на транспортни центри, обезбедување на непречено сообраќање на автобусите, како и набавка на нови еколошки автобуси кои користат ЦНГ…“, истакнуваат од Град Скопје во соопштение.

Оттаму нагласуваат дека „по две години отстранување на пречките на проектот предизвикани од претходното градско раководство, градот Скопје конечно ќе добие нов транспортен систем“.

Едно од главните предизборни ветувања на Арсовска чија кандидатура беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, беше дека проектот брз автобуски транспорт (БРТ) нема да биде реализиран. Таа откако ја презеде функцијата на градоначалничка рече дека граѓаните со нејзиниот избор, гласале за проектот за набавка на 250 нови еколошки автобуси и бесплатен јавен превоз.

Скопје изгуби две години и сè уште се гуши во сообраќаен хаос, а скопјани не видоа ни еден од најавените 250 нови еколошки автобуси на Арсовска, уште помалку од ветениот бесплатен градски превоз.

Поврзано: 

Арсовска се попишмани, сепак ќе го реализира БРТ проектот на Шилегов

Ј. Ѓ.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АрсовскаБРТШилегов

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Израелско-ирански напади: Кои се најлошите можни сценарија?

June 14, 2025

(ВИДЕО) Голем пожар во Дубаи: Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе

June 14, 2025
Генерирано со ВИ

Пакистан повикува муслиманските држави да ги прекинат односите со Израел

June 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најголеми непријатели на македонскиот јазик и на мислењето, на идентитетот, се мпц и вмро!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што е „Хаибар“ – новата ракета со која Иран му се заканува на Израел и ќе го „шокира светот“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk