ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Со малку усул барем

Kако што по митинзите заблудуваат, ако ги добиле изборите со доволно пратеници, ќе го врателе претходното име на земјава. Што можат да вратат освен ФИРОМ-от. Ништо друго. А чесно е да кажат дека не само мнозинство, туку дури и сто и дваесет пратеници да добијат, на оваа тема, ниту буква од уставот не ќе можат да пипнат

December 23, 2019 13:32
in ФРОНТ, ESPRESSO
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЗОРАН ИВАНОВ

Во ред, предизборие е. Политика, политички партии плус кампањи е еднакво на лаги. Веќе видено и докажано до степен на енциклопедиска дефиниција. Лагите станаа легитимни. Ги примаме онака левтерно како некое обично и досадно тмурно зимско секојдневие.

Дури и оние најневеројатните, што се чиста фантастика, и оние најкрупните кои од авион се препознаваат. Вџашувачки е да се слушаат, а камо ли да се верува во нив. И, толку да се прави народот глупав, недоветен, некадарен, е непримерно бесрамно. А примери мноштво. За овој текст, еве еден од пофлагрантните. Со новиот закон за одбрана. Го предложи матичното министерство и владата. Опозицијата, легитимно, предлага друг. И наместо НАТО сериозност, зашто во таа функција се носи новиот законски текст, во него пак за ланскиот снег. Некаква предизборна пропаганда, а всушност, новогодишна петарда. Или бомба ама од оние што ги прават дечињата. Ситна земја, практично прав како сарма свиткан во лист од тетратка. Кога ќе летне кон противникот во маалското сокаче, темно облаче од прав.

Со содржина од таква некаква маглина која само за кратко ќе ти ги нароси очите и ќе те заслепи, ВМРО-ДПМНЕ, пратеничката група, ама тоа нели е исто, нуди нов текст врз текстот веќе излезен од македонското министерство за одбрана и од владата. Клучот е во изборното фрлање прав в очи што предизборно замаглува. Во пропагандата и во лажливото ветување за неможното. Во Законот за одбрана да го немало името на државата на која и припаѓа армијата. Да ја немало уставната дефиниција на државата Северна Македонија. Практично да била македонска ама да не била на Северна. Фино е тоа, но во оваа партија добро знаат што е и каква е моќта на инволвираната меѓународна политика во овие наши интеграциски состојби. Па, наместо мимикрија и поигрување со чувствата на Македонците, и за ДПМНЕ би било попродуктивно и сега, предизборно, да потсетат на неколку  елементарни  факти.

Прво, името на државата е во уставот на државата и е уставно. Второ, Преспанскиот кој резултираше со таквите дефиниции во уставот на државата е компромис и во тој компромис се преименуваа куп институции од македонски во насока на нивна припадност на државата со новото уставно име. Трето, конечно, во НАТО на чиј праг сме поради фактот што тоа го овозможија Преспанскиот и новиот устав и што компромисот со јужниот сосед, праведен, неправеден, е затворен факт.

Па, сега, што и кого мавтосуваат. Фашизоидната политика на јужниот сосед нѐ принуди дури и сонцето од уличните шахти да го брусиме, а ваму ќе нѐ пуштел во НАТО со терминот Македонска армија.

Или пак, како што по митинзите заблудуваат, ако ги добиле изборите со доволно пратеници, ќе го врателе претходното име на земјава. Што можат да вратат освен ФИРОМ-от. Ништо друго. А чесно е да кажат дека не само мнозинство, туку дури и сто и дваесет пратеници да добијат, на оваа тема, ниту буква од уставот не ќе можат да пипнат.

Да, ем неправедно и трауматично, ем борбата за гола власт пак не избира средства. Наместо осветлување на фактичката состојба, сѐ уште интензивно се дотура сол врз свежата и болна македонска рана.

Па добро, лажете, се ближат избори. Лажете, ама, со малку усул барем.

Next Post

СКЕН – политички видео магазин: Рампа – (не)прифатеноста на лицата со попреченост во општеството

Shortcut

Најново

Digital brain with circuit patterns symbolizes artificial intelligence in server lab

Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 27, 2026
Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk