Спротивно на Уставот, иако им велат сите, па и партиските советници – познавачи на правото, инсистираат на пуковник на чело на МВР. После, го обвинуваат Заев зошто не им го прифаќа противуставниот предлог и дека целта му била да ги одложи изборите.
Или, во превод, ако ја читате пропагандата на мвро-вмро и ја деконструирате низ психолошката проекција што ја еманираат со неуставниот предлог (и очекуваниот отпор), всушност тие намерно купуваат време, одолговлекуваат и бегаат од избори. Ама, ги обвинуваат другите, за она што го прават самите.
А избори ќе има. Нема бегање од одлуката на суверенот – граѓанките и граѓаните. Но, без кршење на Уставот како на кој ќе му ќефне, без Пустеци, без пиштења – вриштења…Тоа време го оставивме зад нас.
Ќе избираме ферски.
Едниот избор е враќање во тоа време, ваквото инаетење за секоја поважна работа за земјата, алуминиумот, омразата, криминалот, заробената држава, животот со лаги и жестока пропаганда платена со народни пари, кулиси од стиропор и гипс, партиската правда, насилството… И не е баш некој избор.
А нашиот единствен избор ќе биде – да си дадеме конкретна шанса, да го поразиме ова минато, и конечно да тргнеме, побрзо, поодлучно и похрабро, во борба со вистинските животни проблеми, за да си ја заслужиме подобрата иднина.
#AluminiumOverMaximum
#BaraatIzboriMolatBogaDaNeDojdat