пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Абе, „леви“ рокери и остали музички пацифисти, што сте се з’гнале да го браните и промовирате „најлевиот“ десничар во земјава?
Да прашам нешто:
Дали Апасиев одвои од оние 300,000 евра за македонските уметници и музичари кои останаа без работа од пандемијава? Организираше ли неговата партија некој концерт, настан, изложба, да помогне, или само се плука?
Даде барем некое евро од оние 300.000 што Левица ги доби од буџетот на граѓаните и што ги каматареше у пропадната банка, отиде ли барем некое евро кон уметниците?
За неколку илјади евра се организира добар концерт. Така прават граѓанските активисти што он ги плука, на пример, секоја година.
Од 300.000, не се најдоа бар 10-20 бона за неколку добри концерти, и поддршка за музичарите и уметниците?
Лесно е да се плука, да се помогне вистински е тешко. Сум ви рекол, да повторам, недајбоже овој да добие шанса да владее, сите ќе ве облече у сиви кошулчиња, ќе носите исти фризурчиња, а ќе свирите на слетови и паради и ќе правите песни само за воспевање на лидерот и Партијата. Скроз рокенрол. Џаст имеџин!
#SledeTene
#RocknRoll
#AluminiumOverMaximum