ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ѓуровски: Потребни се промени на нефукционалниот систем за кризен менаџмент и заштита и спасување

September 14, 2021 10:53
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Досегашните искуства и кризните ситуации во земјата укажуваат дека во државата постои правна недоуреденост на системот за одговор на кризи, вонредна состојба и воена состојба. Постои парцијален пристап во организацијата на системот за кризен менаџмент и заштита и спасување, а со тоа и во справувањето со заканите и со предизвиците од природни катастрофи и одговорот кон нив. Тоа го истакна Марјан Ѓуровски, проректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ во своето обраќање на свеченото отворање на меѓународната научна конференција што по повод 30 години македонска независност се одржува во Охрид.

На собирот организиран од Факултетот за безбедност Ѓуровски додаде дека постои политичка волја за промени на нефункционалниот систем за управување со кризи и заштита и спасување, но со забелешка дека се работи за процес што изискува подолг временски период.

Според Ѓуровски, изминатите години покажаа дека постои несоодветна координација, нејасна и неефикасна организација на кризниот менаџмент, расцепканост на ресурсите и несоответни резерви од клучни производи и опрема, нејасна претпочинетост на носителите на власта. Покрај тоа, особено не е соодветно регулирана критичната инфраструктура, смета професорот Ѓуровски.

Тој посочува на парцијалноста на досегашниот систем за безбедност и потребата од креирање модел на интегриран систем за безбедност што има една точка на обединување на политиките за безбедност, од каде ќе се даваат насоките за работа на безбедносните структури, ќе се координираат активностите и ќе се обедининат ресурсите од сите видови.

Тоа, нагласи, системот ќе го направи многу поефикасен за одговор на се помногубројните безбедносни предизвици и ризици.

– Нашата држава од осамостојувањето досега помина најмалку седум кризни состојби. Во изминатите 30 години бевме сведоци на злоупотреба на службите за државна безбедност и на ресурсите на системот за национална безбедност во политички цели (н.з. аферите Сина птица, Големото уво, бомбите, неколку политички бегства и некои други). За жал, досега нема политичка криза во државата во која не се вмешани разузнавачко-безбедносни структури, нагласи универзитетскиот професор Ѓуровски. И на крајот, дефицитот на целосна контрола на безбедносниот систем по разни основи е важно прашање, дополни професорот Ѓуровски, нагласувајќи ја потребата армијата и државно – безбедносниот апарат, судството, дипломатијата да бидат целосно прочистени од кадри кои можеби долго време работеле за туѓи интереси или биле вклучени во криминални и други против законски дејанија.

Што е однесува на натамошните реформи што треба да се спроведуваат во земјата, од аспект на тридецениската независност на државата, Ѓуровски тука како основни начела ги посочува департизацијата, декриминализацијата и деполитизацијата на безбедносните институции со оглед на пропустите кои беа направени во изминатите три децении.

– Ние како држава и безбедносен систем не треба да влечеме континуитет од поранешниот ју-систем и НАТО партнерите се обидуваат да ја пресечат папочната врска со поранешниот безбедносен ју-систем преку безбедносната проверка и тоа преку безбедносните НАТО сертификати, рече Ѓуровски пред учесниците на меѓународната конференција во Охрид.

Според него, без стабилно владеење на законите на целата територија на државата не може да има кредибилни институции и доверба од граѓаните во институциите.

– Корупцијата и криминалот го поткопуваат кредибилитетот на институциите и процесите и претставува безбедносна закана за нашата демократија, забележа тој.

Пред учесниците на меѓународната научна конференција „30 години македонска независност“ свои обраќања имаа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорите на ЦУК и ДЗС Стојанче Ангелов и Беким Максути, деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски, градоначалникот на Охрид Константин Ѓеоргиев.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

July 1, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и Кина во извештајот за Македонија – ЕП го засилува тонот кон Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk