ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски – Секуловиќ: Преку зајакнато регионално поврзување до побрзо членство во ЕУ

January 18, 2021 15:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министрите за внатрешни работи на С Македонија и на Црна Гора Оливер Спасовски и Сергеј Секуловиќ, на денешната работна средба договориле продлабочување и унапредување на добрата соработката меѓу полициите, конкретно во повеќе области значајни за европска интеграција.

Но, подлабоката порака е, потенцира Секуловиќ, дека односите меѓу двата земји се добри и оти С Македонија како успешна приказна со девиза „општество за сите“ и за мултиетничко општество како што е во Црна Гора.

– Со изградба на јаки институции, со правосудство испраќаме порака дека мултиетничии општества и соработка на Балканот се можни, истакна на заедничкат прес-конференција црногорскиот министер за внатрешни работи Сергеј Секуловиќ.

Министерот Спасовски потенцира дека Република Северна Македонија и Црна Гора, како земји-партнери од Западен Балкан, во наредниот период ќе работат на продлабочување на меѓународната соработка, како клучен предуслов за успешно справување со транснационалниот криминал и илегалната миграција на регионално и на меѓународно ниво, на тој начин потврдувајќи ја својата посветеност кон европската перспектива, како цврста стратешка определба.

Спасовски и Секуловиќ се согласија дека транснационалниот организиран криминал станува сѐ покомплексен и налага продлабочување на регионалната и меѓународната соработка. Акцентот, подвлекоа, ќе биде на сузбивање на меѓународните организирани криминални групи, со што двете земји ја искажуваат подготвеноста за создавање услови за поволен политички и безбедносен амбиент во напредокот во европските интеграции.

Тие изразија уверување дека пред ресорсите за внатрешни работи, како и пред двете држави претстои период на уште поинтензивна соработка, во која двете партнерски земји, како членки на НАТО, можат да сметаат на взаемна поддршка во исполнувањето на европската агенда на патот кон остварување на евроинтеграциите.

Спасовски меѓу другото ја истакна важноста на заложбите на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија за унапредување на меѓународната соработка, со посебен акцент на регионалната соработка како приоритет на патот кон евроинтеграциите, но со посебен фокус на размената на добри практики од терен за предизвиците со кои се соочуваат државите од регионот и Европската Унија, во насока на сузбивање на транснационалниот организиран криминал.

– Придонесувајќи кон регионалната безбедност, заеднички придонесуваме кон стабилност и на Европската Унија, што се пресликува и на глобално ниво. Соработката меѓу министерствата за внатрешни работа на Република Северна Македонија и на Црна Гора е плодна и отворена што, секако, е резултат на добрите односи кои постојат меѓу двете земји, рече Спасовски.

Според Спасовски, сите овие теми се високо на агендата како на ЕУ, така и на агендите на земјите кандидати за членство.

– Токму во овој контекст, а со оглед  дека за Поглавјето 24, одговорноста и надлежноста му припаѓа на Министерството за внатрешни работи, разговаравме и за европските, но истовремено и наши национални и регионални приоритети – борбата против организираниот криминал и тероризмот и справувањето со сите миграциски предизвици. Заедно со г-динот Секуловиќ констатиравме дека е неопходно интензивирање на соработката, притоа нотирајќи некои конкретни практични активности што треба да се преземат. Почнувајќи од соработка во изработката на Акциски планови за Поглавјето 24, со јасно дефинирање на целите за секоја од областите во Поглавјето, како и редовно одржување на состаноци на ниво на работни групи по однос на ова поглавје меѓу двете држави, посочи министерот Спасовски.

Министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Секуловиќ, ја истакна одлучноста на Владата на Црна Гора да ги поддржи напорите на Северна Македонија на патот кон европските интеграции.

– Подготвени сме да ги ставиме на располагање нашите капацитети на колегите од Северна Македонија во делот на спроведување на обврските во рамки на поглавјата 23 и 24 и уверен сум дека стручните знаења и искуства во текот на преговарачкиот процес ќе бидат од значење и дека низ овој вид на соработка дополнително ќе ја унапредиме размената на информации помеѓу институциите задолжени за спроведување на законите, истакна министерот Секуловиќ.

Како што посочи црногорскиот министер, здравствената криза дополнително ја зајакна свеста за важноста на посилно регионално поврзување, но и потребата за воспоставување на подобро заедничко делување помеѓу регионалните иницијативи и Европската Унија. -Нашите пријателски земји ги поврзува заедничка историја и имаме обврска меѓусебните врски да ги одржиме и зацврстиме, нагласи Секуловиќ, изразувајќи ја својата увереност дека Црна Гора и Северна Македонија во наредниот период ќе дадат свој полн придонес за конкретизација на современите демократски принципи.

 

/МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Навални: Тоа што ми се случува е потсмевање со правдата

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk