Јас не познавам ниту еден кој е подготвен да тргува со најсветите работи за секој Македонец, предлагам, ова прашање да го тргнеме од дневно-политичката агенда, објави претесателот Стево Пендаровски на Фејсбук, по вчерашното обраќање во Собранието.
„Нашите црвени линии одамна ги имаат утврдено оние кои ја направија нашата држава во 1944 година и тоа се државотворните акти на Првото заседание на АСНОМ, Манифестот до македонскиот народ и Документот број 8 за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава“, изјави во вчерашното објаќање претседателот Пендаровски.