ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Набројав 39 смртни закани – и повторно ништо

March 10, 2023 13:42
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Приметувам во јавниот говор и меѓу луѓето апсолутен бес или апсолутна тишина, приметувам како „недај Боже“ самата земја да се уплашила од недоволна пресметаност која би можела да нè одведе во неволја. Од една страна се слуша тропање на лажички од своите супени тањири, а од друга страна се слуша бес и врескање во јавниот простор.

Се добива впечаток како да се чека некоја „вечна пресуда“, или конечна дијагноза, сосема сеедно. Ама за тоа како да не смее да се рече, да се одговори или здраворазумски објасни. А граѓанската и професионалната пристојност го обврзува човека на почитување на прописите, дури и тогаш кога се неописиво идиотски, лицемерни, фарсични, сè во име на здравиот разум. Затоа денес ќе стане збор за она кое беше само до вчера, само за да не се уплашиме од декретот или вишокот кој ни пречи или го замаглува концентрираното размислување каде сме денес, а каде може да бидеме уште утре ако не внимаваме.

Ете, да речеме, во нашата блиска и братска Србија и „случајот со Марко Видојковиќ“. Признајте драги пријатели дека слабо ја следите таа јавна сцена, а ако, пак, ја следите, ќе видите во случајот на „Маре“ што значи закана, повик на убиство и јавен линч со години наназад. Закани за убиство може да се случат за сите слободоумни новинари и активисти кои зборуваат гласно, јасно или за новинари и активисти кои ги објаснуваат разликите за она кое било до вчера и за она што е денес. И не само тоа – ги објаснуваат и феномените кои може да се вратат, да регресираат, ако не внимаваме или од некоја лична причина се „опуштиме“.

(…) „Кога заклучив дека јас и Ненад Кулачин сме во позиција што може да се нарече ‘Идеални жртви’, решив да преземам иницијатива и да се обратам за помош до амбасадите на демократските земји и странските организации за заштита на новинарите. Јас и Кулачин редовно известувавме за смртни закани, до есента 2021 година имаше околу триесет од нив, едвај две беа обработени. После тоа престанав да пријавувам и се фокусирав на тоа како да си ги спасиме животите“, ни пишува Марко Видојковиќ во денешното интервју за „НоваТВ“.

Кога го слушам „Маре“, не можам а да не се присетам на себе (а каде може човек да оди надвор од себе и својата кожа?), не можам а да не се присетам на сите оние луѓе, активисти или новинари кои беа нападнати и сè уште се напаѓаат од „Бот центарот“ на ВМРО-ДПМНЕ: само затоа што се во опозиција (а таа опозиција има неверојатно многу пари) ние нив не смееме да ги критикуваме; владеењето на правото и корупцијата се наменети само за Ковачевски и СДСМ, а тие, ВМРО, се светите крави и моралните синови на мајчица Македонија. Само затоа што се „опозиционери“, на нив им е дозволено сè: дефамација, блокади во Собранието, жигосување и линч, а на оние другите кои не го сметаат тоа за нормално, не ја поддржуваат нивната политика (слушај, „политика“?), треба да бидат изложени на столбот на срамот, а во најдобар случај треба да се протераат од политиката и јавниот живот во земјата.

Марко Видојковиќ вели дека добил десетина смртни закани, а јас сега, додека ги типкам овие зборови, го земам телефонот и бројам скриншотови: една, две, три, четири, пет…. петнаесет, шеснаесет, седумнаесет…. дваесет и три, дваесет и четири… триесет и осум, триесет и девет… Стигнав до бројката триесет и девет смртни закани затоа што ги бранев политиките на мир, пријателство и соживот прво со Грците, а денес посакувам (со цело мое срце!) да се случат проклетите Уставни измени во кои ќе ги ставиме и Бугарите, па кончено да тргнеме на патот за комплетна Европеизација на земјата.

„Добро, Ненаде, знаеме, сведочевме сите дека те утепаа“, се слуша нечиј глас во позадина или се работи за моја автоирониска забелешка? Се бројат на прсти на една рака луѓето кои ме одбранија, а останатите активисти кои беа на ист принцип подложни на Бот центарот со закани за убиства, и за нив може да кажеме дека беа одбранети од луѓе не повеќе од пет прсти на една рака.

Дали јас сум пријавил во западните амбасади за неверојатниот линч што ми беше пружен на општа радост на таа фамозна опозиција? Да, сум пријавил. Се случи и од таму „мукла“! Може „Неџо“ сè, а и мора – всушност ништо и не мора, ама сака. Сака својот народ и оваа земја конечно да исчекори напред во Европа, за да не се појавуваат нови случаи на некои други луѓе кои ќе го поминат тоа непријатно sверство.

Ама не се тие најлоши: најлоши се оние кои се прават дека не се од тука, најлоши се оние кои се згрозени од сите, страшно се „разочарани“ од сè, најлоши се оние кои не го гледаат Ѓаволот дури и кога овој би им се покажал со опаш, со рогови и канџи, целиот смрдеjќи на сулфур. Тие ботови всушност сметаат токму на таквите, и токму таквите се нивната целна група.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Марко ВидојковиќНЕНАД ЈОВАНОВИЌсмртни закани

НАЈНОВО

Нема нови сомнителни случаи на мајмунски сипаници

May 24, 2025

(ВИДЕО) Клоп не е задоволен од критиките на навивачите на Ливерпул кон Трент

May 24, 2025

Салах прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата

May 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Британците не дале толку пари на цел Комонвелт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Анкета на „Внимание“: „На која возраст треба да се престане да се излегува по клубови“…

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е одговорот на прашањето: Колку родови има?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk