ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СЕГА СМЕ КВИТ

Евроскептицизмот е друго име за диктатура, Мицкоски ја разбира Македонија како парцела во делчевско

Мицкоски ја разбира Македонија како парцела во делчевско... Sвезди-рикачи во собраниската сала... Евроскептицизмот е друго име за диктатура и пљачка...

June 1, 2022 13:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СЕГА СМЕ КВИТ
Share on FacebookShare on Twitter
27.05.2022

Мицкоски ја разбира Македонија како парцела во делчевско

Воопшто не сакам да пишувам за детаљите на оваа криминална афера која изби на површина вчера, а директно е поврзана со најблиските луѓе на Мицкоски, оној де, го знаете сите, оној кој „не тепа“ дека ќе ни бил следен премиер на „сите граѓани“. Велам, не сакам да пишувам за аферата, бидејќи во оваа земја има финансиски полиции и обвинителства. Тоа е нивна работа, а не моја. Мојата работа е следна: да опишам како Христијан Мицкоски ја гледа и разбира Македонија.

Хм, како ја гледа, и дали воопшто значи дека ја гледа, повеќе ми се чини дека сака да ја троши, да ја раскрчмува, одошто сака да ја гледа и промислува.

ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски, Македонија ја гледа како воен плен. Ова е наше, а останатото што ќе ви го дадеме е на наша добра волја. Така работи таа политичка партија. Дали би можела да работи поинаку, можеби подобро? Не верувам. Ајде да видиме и зошто.

ВМРО-ДПМНЕ е националистичка партија, нејзиното упориште, нејзините јадра се длабоко вкоренети во оваа земја. Еманципација, модернизација и Европски агенди за Мицковци се мисловна именка. Бидејќи се мисловна именка, Мицкоски Македонија ја гледа како парцела во делчевско само за себе. И за своите најблиски. Друга свест за политиката тие луѓе немаат. Ниту е возможно да имаат, бидејќи политиката ја гледаат цинично, без идеја и вредност.

Другиот и длабок проблем во оваа земја е што Македонија нема опозиција. Да се нема опозиција не значи дека „вие сте опозиција затоа што не сте на власт“, туку идејата е вие да нудите политика спротивна од политиката на власта.

Ако аферите од криминалот на најблиското опкружување на Мицкоски е политика, тогаш ќе можам да му кажам дека таква политика веќе имавме, и таквата политика ја казнивме во 2017 година. Опозиција, од друга страна, дури и етимолошки значи нешто спротивно. Спротивно од политиката на власта. А не значи дека опозицијата е нешто кое претставува иманентно против.

Единствен проблем денес за ВМРО-ДПМНЕ е Ковачевски, како што претходно беше Заев, или уште поточно, денес проблем им е Талат Џафери лично и персонално. За утре ќе најдат некој друг, во некоја следна околност ќе најдат некој трет и така натаму и на тоа слично.

Значи за Мицковци не е проблем нивната опозициона политика, проблем им се конкретните личности во власта. Никој во опозицијата не спомнува промена на структурни политики во системот, заведување на законитост, уставност, институционалност која и недостига на Македонија, отсекогаш тоа и недостигало. Тоа не е ниту во примислите на Мицкоски, туку денес не ни се допаѓа Џафери, бил командант, ги кревал на Црвен бан и слични тривијалности.

Политиката на Мицкоски е наместо Јанко да дојде Марко. И после се чудиме зошто фрчат парцели, криминали, суртучења и останати страсти на душата, како некои деца во претшколска возраст, боже прости ми.

Од друга страна, Македонија не може да биде смеса од руски социјалистички и националистички идеи затоа што така се создава идеална почва за јакнење на популистички партии. Само дуваат празни фрази, се колнат во светини, кои, се разбира, сите се лажни, а во позадина се краде и пљачка.  И во таква атмосфера, ако вие сакате нешто да промените, како што СДСМ и Владата тоа многу добро го прават (ја променија земјава за 180 степени), многу лесно ќе ви лепнат етикета дека сте предавник.

Да завршам: ВМРО-ДПМНЕ е партија на инерција која ги парализира најдобрите општествени енергии кај луѓето. И, потоа, на површина ќе излегува, без никаков проблем, идејата на Христијан М. лично: јас ја разбирам Македонија како парцела во делчевско. Така, брату, ами како поинаку?

26.05.2022

Sвезди-рикачи во собраниската сала

Ги гледам пратениците на Мицкоски, тие велат дека тоа било Парламент, а за себе уште велат дека биле „државотворна партија“. Не, тоа не се парламентарци, ниту гледам Парламент, единствено што гледам е патриотско самоволие: се дерат, врескаат и в лице му се втеруваат на претседателот на Собранието.

Добиваш пари од сите нас за да се дереш, бесплатно да јадеш и пиеш, бесплатно да се возиш, па уште ни велиш дека работиш за граѓаните, односно се бориш за „нашите работи“, оние де, општите, граѓанските.

Ред е, барем за мене, да им се постави по некое прашање. Најпрво, треба да видиме што преку овие скандали Мицкоски со своите „гуланфери“ се обидува да постигне? Дали Џафери е нивен таргет што ќе предизвика незадоволство меѓу општото граѓанство? Што е идејата на Мицкоски – генерира незадоволство за митингот во јуни месец? Најважни ли за него ќе бидат бројките од тој митинг? Колку треба да излезат, 50 илјади, 100 илјади или само 5 илјади, сите пофаќани на различни начини, посебно оние кои се извежбани уште во времето на социјализмот.

Значи, дали тогаш ќе биде успех – и чиј ќе биде тоа неуспех? И во што ќе биде констатирана победата, ако играме пред мала или пред голема публика? Еве, да речеме, што ќе биде ако 50 илјади огорчени македонци, некаде во јуни, го преплават Скопје: што ефект тоа ќе предизвика?

Приметувам дека идејата на Мицкоски е митингот „само да биде“, а суштината во тоа „да биде“ е иманентна на логиката на „антибирократскиот“ жанр, манифестации кои, еве, веќе дваесет и кусур години ни се случуваат.

Никако Мицкоски да се извлече од тоа насилство, никако да се извлече од сопствената „кератинизација“, што од друга страна можеби е добар сигинал: можеби Мицкоски за ВМРО-ДПМНЕ е конечно нејзиниот маг: присобрани насилници со темелно неартикулирана политичка „граѓа“, а во јавноста лажно не убедува дека ќе се борел за „пристојно општество“, онака лажно професорски и лажно еманципаторски како што тој знае. Пристоен човек секогаш го бира своето друштво, и наместо да се борат и докажат дека се различни од тоа што беа, Мицкоски инсистира во Собранието повторно исти сценарија како од времето на крвавиот пуч. Мислам, нема денес ништо од тоа, ама атмосфера е таа, и нема само што е таа, туку ми смрди на исто сценарио кое треба да се одигра, некаде тамо, отаде хорозинтот.

Утре што ќе биде следно? Да се пуштат сите обвинети за пучот во Собранието и да се качат на „мејн стејџ“ повторно, да можат масите (пардон, народот!) ритуално да ги „испоштува“, оти Мицкоски за нив е она што Боб Дилан е за кантри музиката, во најмала рака.

А откако ќе се (изна)дерат, откако ќе (из)рикаат во Собрание, јас мислам дека треба да завршат со Бора Чорба, да им отпее нешто вицкасто и оштроумно, или ако им е Чорба многу „странски“, нека повикаат некој тукашен „домаќин“, да поплука се што е добро, а тоа добро да го нарече уште и „странски платеник“, и се во тој стил. Па да им тргне и нив во животот (и пеењето).

А за бис, што ќе биде, црни Ненаде? Молитва, како вешто скриена суштина како умрениот „акциски план“ за митингот што ни следи. Пратениците им се тука, пејачката верувам дополнително ќе ја ангажираат, врескањето и дерењето ќе продолжи се’ до денот за митинг, а потоа? Потоа одиме со „ајмо руке горе, неможе нам нико ништа јачи смо од судбине“, а и навистина, кој што им може?

А имаат и генијален план во својата бизарност: да пропаднеме сите така јако, ама споро, мачно, неславно и без стил.

Ако тоа го посакува мојот народ, да пропадне со овие пратеничиња и Мицкоски на чело, глупаво, мачно и без стил, па, мислам, кој сум јас тука да противречам?

Митингот се спрема, ќе врие од сомнителни типови. Бидејќи идеи немаат, врескањето до денот за митингот ќе продолжи. А ние останатите? Ние ќе ги исклучиме нашите телевизиски кутии и ќе си го бираме друштвото. Пристоен човек си го бира своето друштво.

23.05.2022

Евроскептицизмот е друго име за диктатура и пљачка

Ги гледам речиси „сите“ дебати на аналитичарите и новинарите-тупсони (ех, што сум безобразен!) како зборуваат на тема „за Европа“, што во дополнителен превод значи: ништо не може да го промени тој вечен рутински тон на селскиот поп, ама затоа лицата ми делуваат така поспано кога мудруваат дека „Македонија нема да влезе во Европската унија уште за многу, многу години“.

И не им е особено мрско тоа што го велат, би се рекло дека повеќе зборуват утешно, отколку што зборуваат во манирот на предупредување, а секако не им претставува ниту манир за жалење.

Оти тој е патриот (да, дури и кога мисли за себе дека е прогресивен и демократичен), тој звучи како патриот во една  земја која е во конфузија. Од таквата перспектива се претпоставува дека тој (аналитичарот/новинарот-тупсон!) би знаел што зборува. А знае ли? Па, тоа е големо прашање. Да речеме дека неговата изјава е разумна и оправдана – од неговата точка на гледање.

Македонија денес е во прогресивна парализа; кога мислам на „Македонија“, мислам на нејзиното општество и заедница која е во некаква состојба на конфузија. Нашите огромни проблеми во политиката и економијата, суштинската немоќ и парализа на културата, условени се со непостоење на цивилизирано (и цивилно) општество на чие место е поставена именката „Македонија“ – онаа апстрактна заедница која ја нарекуваат „Македонска“ – и уште поапстрактна држава која постои во меморандуми, резулуции, романи и песни, бидејќи на списокот на европски држави нашата ја нема.

Вие, почитувани, може да се лутите, да негирате, да врескате до небо – каква е таа држава која само ја има на документ, меморандум или некаква блесава резолуција?

Македонија функционира единствено во екстремни ситуации: во војни, во пљачка и во природни катастрофи. Нема, имено, вистинска држава без вистинска нација, а родовска заедница која функционира на „крвна врска“ и псевдомитологија, подложна е на нестабилност, релативност и привид, од проста причина што повеќе припаѓа на светот на животните (читај, природата!), отколку на светот на духот преку кој вистински може да се создаде една држава и нација.

Ние не сме собрани тука како духовни личности, туку сме собрани како биолошки организми, единки. Во такви заедници се губи моторот на напредокот – принципот на слободна личност – а граѓаните наместо субјекти стануваат објекти, збирни именки, атоми на материја кои во суштина не постојат. Да се обидам да опишам во две точки.

Првата кобна грешка: националната припадност кај нас е поистоветена со припадноста на православното христијанство, така што тоа предизвикува двојна штета: црквата е контаминирана со етнофилетизам; од тогаш наваму универзализмот на заповедите на Христа потиснати се во корист на релативизмот од „националните интереси“. Следствено, Црквата како место на духовна наобразба станува профана, додека духовното се преместува во областа на профаното, па и ден денес слушаме психотични врескања за светата македонска земја.

Другата кобна грешка се состои во тоа дека Европската Унија ќе се распадне. Добро, вие можеби се чудите на ваквиот „неконвенционален увид“, ама работите треба да се набљудуваат „длабински“, низ оние интерактивни теоретичари „за идентитетот“, „за Европа“ и слично.

Космолошки гледано, сигурен сум дека Европа ќе се распадне, дури мислам дека е осудена на пропаст, и дека кога-тогаш ќе се растече во ништожност. Меѓутоа, не е нужно тоа да се случи пред да и’ самиот Европски континент исчезне, како што ќе исчезне и самата планета Земја, после извесен број на милиони години ова место ќе се претвори онака како што ни сами нема да го препознаеме. И на кое „инвестиционата клима“ ќе биде крајно неповолна на долг рок.

На крајот на краиштата, еден ден ќе исчезне и Млечниот пат, а по се’ изгледа дека и нашaта галаксија е конечна, и еднаш неминовно ќе имплодира, ќе се издува како балон, или како точно се нарекува таа форма на „урушување во ништожност“? Со други зборови: патриотите од нивната супериорна позиција на Вечноста, во право се: ЕУ е привремен проект, и како таква не е баш достојна за внимание на една „вечна“ Македонија, земја која се наоѓа во самиот „папок на светот“.

А сега малку озбилно… Извесен број на години, кога некој досаден новинар ќе ги опише патриотите и Европа, тие веднаш ќе одмавнуваат со раката, одмавнувајќи како да бркаат некаква досадна мува: „нема да одиме ние тамо, барем не сега брзо, нема потреба да се занесуваме со тоа“.

Видете, тие не велат нешто оригинално, туку само неталентирано репродуцираат праволински и бурен мислечки ток на човек кој до вечера им беше „шеф“ во „патриотската влада“ (пардон, „државотворно-одговорна влада“ на пљачкашот Груевски; таа флоскула ја конзумира и Мицкоски, и тие ќе биле „државотворна влада“, што предвреме ни се означува со самоизвинување за тоа што повторно ќе не опљачкаат и посрамотат!). Притоа, уште се работи и за една прилично банална манипулација; друго прашање е што баналноста не значи нужно и неефикасност, напротив. Ајде да видиме за што станува збор.

Сите влади до сега, од 90-тите наваму, Македонија доследно ја изместуваа од Матичниот континент (набрзо и од Матичната планета); изминаа 32 години, Македонија се замота како црвец и се прелеа со срам, а политиката на „малиот, смрдливиот потконтинентален фашизам“ посака, со новите трендови од надоаѓањето на XXI век, да се прешминка, да настапи некаков Новоговор. Сите влади кои дојдоа, сите нè опљакаа. Пљачката ја правдаа со „евроскептицизам“. Или има уште едно помодерно оправдување: антиглобализам. Што во превод значи: да влеземе вакви какви што сме, и уште да нѝаплаудираат!

Да завршам: Што е исходот на ваквите дегенеративни процеси? Стратешка антиевропска политика: шифра – „не сакам да одам кај таа курва Јевропа“.

Така е најлесно, ама и трансферот на одговорноста прво оди на погрешна адреса, и второ, така најмалку се приметува. А која е оваа инфлација од лажното тртлање „за Европа“?

Може да биде само една, драг Вотсоне! Секаков сериозен траг за приклучување кон Европа да се прикаже ако не како „предавство“, тогаш како инфантилно сонување кое не води сметка за фактите. А кои се во нашиот случај „фактите“? Тие се произведуваат сами: прво се’ ќе направам земјата да ја оддалечам од Европа (Европа како „метафора“, нели?), а потоа мудро ќе констатирам: нема да одиме во Европа, ако може на Европа да и’ ги земеме парите, ионака е далеку, а ние ќе си ги гледаме „нашите“ работи. А кои се тоа „нашите“ работи?

Форсираме дома евроскептицизам, а потајно сонуваме за диктатура и пљачка. Класичен смрдлив сон за нашиот „потконтинентален фашизам“.

Ненад Јовановиќ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk